Каква е ситуацијата со складирање на податоци во облакот?

Според шпекулациите, Apple за недела дена би требало да најави нови уреди, поточно macOS Sierra и iPhone 7. Покрај праќање покани за посебен настан на 7 септември, компанијата понуди опција за складирање податоци на iCloud до импресивни 2TB. Оваа услуга секако нема да е евтина, особено кога станува збор за Apple, и доколку чувствувате потреба за максимално складирање на облак, потребно е да одделувате по 20 долари на месечно ниво. Досегашните опции за складирање на облак и понатаму остануваат непроменети, односно бесплатно до 5GB и 10 долари месечно за 1TB.

Што има конкуренцијата да каже на сево ова?

Amazon Drive нуди две опции и тоа неограничено поставување фотографии и 5GB за видео материјали и фајлови за 12 долари годишно и неограничено поставување мултимедијални податоци за 60 долари годишно. И двете понуди доаѓаат со три месеци бесплатна проба.

Dropbox, од друга страна покрај тоа што се соочува со малку поголем скандал во моментов, нуди 2GB бесплатен простор со можно зголемување до 16GB доколку го препорачувате на пријатели (по 500MB за секој пријател кој ќе почне да го користи), 1Tb за 8.25 долари месечно, односно 12.50 долари за неограничено складирање (бизнис пакетот), додека Google Drive дава 15GB бесплатно, 100GB за два долари месечно, 1TB за 10 долари месечно и така натаму се до максималниот пакет кој е 30TB, а чини, верувале или не, 300 долари месечно.

За крај, ја проверивме и ситуацијата со OneDrive,  а она што таму забележавме е понуда за бесплатни 5GB (или 15 за среќните кои на време ја искористија тогашната промоција), како и 50GB за 2 долари. 1TB би добиле само преку опцијата да се претплатите на Office 365 Personal каде за 7 долари месечно покрај складирањето на облак ги користите и познатите office алатки на Microsoft. Да не заборавиме да го споменеме и Box и можноста за бесплатно складирање до 10GB или до десетпати повеќе за 8 евра на месечно ниво.

Од сево ова, се чини дека Google Drive е најдоброто решение за бесплатни 15GB, но доколку сакате повеќе за помалку, Amazon Drive е нашиот избор. Во случај подолго време да ги користите услугите на Dropbox, уште еднаш ќе ве потсетиме не заборавајте да ја промените лозинката!

1 коментар на “Каква е ситуацијата со складирање на податоци во облакот?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии