5 сајтови за бесплатно читање книги

За сите заинтересирани за бесплатно преземање и читање е-книги, подготвивме пет исклучително корисни сајтови.

Open Library e една од нашите омилени дестинации за „позајмување“ книги кои се со авторски права. Бесплатно се нудат бестселери од мајстори на пишаниот збор како Стивен Кинг, или Том Кленси. Една книга позајмувате па, откако ќе ја прочитате, ја враќате таа и си земате друга.

BookBook е еден од најголемите издавачи на онлајн литература за образование. Преку одлично функционален вебсајт, нудат над 1000 бесплатни еКниги за преземање. Во зависност од вашиот интерес, можете да најдете книги за подобро совладување сметководителство, IT и програмирање, природни науки, математика, јазици, и многу повеќе.

Amazon – На сајтот имате стотици книги кои се бесплатни или исклучително евтини. Независно од вашиот омилен жанр, дали романтика, дали епска фантазија, шансите да најдете нешто интересно се исклучително големи. Книгите можете да ги читате директно од прелистувачот или да ги преземете на вашата направа.

Free eBooks е дестинација која првенствено ја препорачуваме на љубителите на фикција, романса, научна фантастика, бизнис и самонадградба. За еден месец, меѓутоа, можете да преземете само пет книги, што, ќе се сложите, е сосема ок.

GetFreeEBooks е симпатичен дом за бројни книги кои припаѓаат на жанрови како фикција, научна фантастика, фантазија, кратки приказни, хорор, и слично. Но, ова е и сајт преку кој можете да најдете и најразлични говори, инфографици за печатење, како и впечатлив илустрации.

Пријатно читање!

Во случај да сте заинтересирани и за некои други, подеднакво пријатни активности:

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии