Пет Sci-fi и Fantasy книги кои излегоа во март

Бројни книги излегоа и ќе излезат овој месец. Доколку сте фанови на научна фантастика и фантазија, тогаш и тоа како имате за читање. Ова се само пет од нашите омилени книги за овој месец.

The Companions, од Кејти М. Флин

Првата книга на оваа писателка преповеда за тоа како Калифорнија е ставена под карантин поради исклучително опасен вирус кој се шири низ светот. За да се избегне неизбежното, луѓето ја префрлаат нивната свест во роботи, но не можат сите да си ја дозволат таквата скапа услуга. Оние кои немаат пари стануваат изнајмени од богатите. 16 годишната Лајлак е една од несреќните, барем до моментот кога ќе научи да ги игнорира наредбите и да побегне.

Sixteen Watch, од Мајк Кол

Џејн се наоѓа во исклучително тешка ситуација. Нејзиниот сопруг е убиен во престрелка помеѓу американските и кинеските сили на Месечината, а таа се вовлекува во центарот на огромна политичка борба помеѓу двете земји. Дали ќе успее да ја спречи првата битка на Месечината?

Re-Coil, од Џеј Ти Николас

Проблем е кога некој ќе го убие Картер Лангстон, но добрата работа е тоа што има направено бекап на неговиот ум и лесно може да се префрли во друго тело. Работите заземаат подраматичен правец кога ќе се направи втор атентаторски обид врз неговото второ тело. Она што Картер мора да направи е да го најде последниот преживеан член од неговиот тим и да дознае како би можел да преживее, нешто што делува потешко со секоја свртена страница.

Cyber Shogun Revolution, од Питер Тајрас

Книгата обработува алтернативен свет во кој нацистичката Германија се има издвоено како ултимативниот победник од Втората Светска Војна и ги окупирала Соединетите Држави. Започнете патување во мистериозен свет и тајна организација за да откриете корупција од епски пропорции и да пробате да спречите исклучително вешт атентатор.

Star Wars: The Rise of Skywalker, од Реј Карсон

Во последното поглавје од епската Skywalker сага конечно можете да прочитате како Реј и нејзините сопатници ќе се справат со Кајло Рен. Во книгата се наоѓаат целосно нови сцени кои се прилагодени според досега невиден материјал, избришани сцени или размислувања кои тимот за филмот ги воделе, но, од бројни причини не можеле да ги применат.

Пријатно читање! :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии