Играјте одлични, а бесплатни игри!

Претпоставуваме дека вложување напори за социјално дистанцирање знае да биде предизвик. Во борбата за забавно користење на нашето слободно време, една од активностите кои би можеле да ги правите е да играте игри. Во случај да не сакате да трошите многу пари, би можеле да погледнете какви распродажби понудија поголемиот дел од продавници на дигитални игри. Во случај да воопшто не сакате да трошите пари, тогаш ова се игрите со кои би можеле да започнете инстантна дружба.

GOG продавницата нуди 27 целосно бесплатни игри во DRM-Free форма, како дел од нивната кампања: „Остани дома и играј малку игри“. Игрите кои ги имате на располагање се: Akalabeth: World of Doom, Alder’s Blood Prologue, Beneath a Steel Sky, Bio Menace, Builders of Egypt: Prologue, Cayne, Doomdark’s revenge, Eschalon: Book I, Flight of the Amazon Queen, GWENT: The Witcher Card Game, Hello Neighbor Alpha Version, Jill of the Jungle: The Complete Trilogy, Legend of Keepers: Prologue, The Lords of Midnight, Lure of the Temptress, Overload – Playable Teaser, Postal: Classic and Uncut, Sang-Froid: Tales of Werewolves, Shadow Warrior Classic Complete, Stargunner, Sunrider: Mask of Arcadius, Teenagent, Treasure Adventure Game, Tyrian 2000, Ultima 4: Quest of the Avatar, Ultima World of Adventure 2: Martian Dreams, и Worlds of Ultima: The Savage Empire.

The Steam Game Festival нуди привремени демо игри на над 40 игри кои допрва треба да излезат. Првенствено било замислено поголемиот дел од игрите да се понудат за проверка на GDC, но откажувањето на настанот ги принудил организаторите да заземат малку поразлична стратегија. Кампањата ќе трае 48 часа.

Assassin’s Creed: Odyssey, најновата и нашата омилена игра од овој серијал, е бесплатна за играње викендов. Независно од тоа дали вашата гејминг сесија ја планирате на PC, PS4 или Xbox One, можете веднаш да започнете со преземање на играта преку uPlay, односно PSN продавницата. За Xbox One, имајте во предвид дека ви е потребна Xbox Live Gold претплата. Активностите во играта ќе ви помогнат да ја отклучите изгледот Roman, на Ецио.

Odium to the Core е македонска инди игра која има посебно место во нашите срца, до таа мера да имавме само пофални зборови во нашата рецензија. Студиото зад играта, Dark-1 ја нуди играта бесплатно во наредниот месец. Не ја пропуштајте можноста да се забавите (или исфрустрирате) со исклучително квалитетен продукт на интерактивна забава.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии