5 сајтови за бесплатно читање стрипови

За сите заинтересирани за бесплатно читање стрипови, подготвивме пет исклучително корисни сајтови.

Comixology – Веб сајт и квалитетна платформа за огромен број стрипови. Иако примарната цел е да се продаваат стрипови, на располагање имате и огромен број бесплатни примероци. Апликацијата се одликува со таканаречен guided view каде, наместо цела страна, динамично прикажува рамка-по-рамка. За жал, бесплатно се нудат само првите броеви од серијалите и некако гледате на целово оваа искуство како на бесплатна можност за откривање стрипови кои би можеле да ви се допаднат.

Comic Book Plus – Сајт кој ви е потребен доколку сте по читање или преземање на познатите стрипови од златното и сребреното доба (Golden/ Silver Age). На располагање имате и бројни други стрипови кои навлегуваат и во pulp fiction жанрот.

DC Kids – Доколку вашите деца се љубители на хероите од овој универзум, тогаш ова е задолжителна дестинација за нив. Во одделот со бесплатни стрипови не можете да најдете премногу голем избор, но има сосема доволно авантури со Супермен, Бетмен и ред други херои. Кога сте веќе тука, запознајте ги и со категориите со видео материјали, но и видео игри.

Internet Archive – Интернет Архивата е непрофитна библиотека која, меѓудругото, дигитализира и колекции од стрипови. Сајтот нема да освои награди во поглед на дизајнот, но крие огромни колекции од стрипови кои можете да ги читате директно од прелистувачот или, пак, да ги преземете.

ElfQuest – Се работи за запрепастувачки долг серијал кој има над 15 милиони стрипови, графички новели и слични изданија. Многу од ова е скенирано во квалитетна резолуција и понудено преку флексибилен читач.

Пријатно читање!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии