5 сајтови за бесплатно слушање музика

За сите заинтересирани за бесплатно преземање и слушање музика, подготвивме пет исклучително корисни сајтови.

YouTube Music – бесплатната платформа ви дозволува да преслушувате неброени песни. Едноставно нема што нема, но највеќе се исплати за користење од компјутер, што е одлично за паралелна работа со нешто друго. Апликацијата преку телефон има бројни ограничувања. Не функционира во позадина и автоматски прекинува доколку го заклучите телефонот.

Jamendo Music – бесплатно преслушување, но и преземање музика. Ова е веб сајт кој е првенствено замислен за сите музички ентузијасти кои сакаат да истражуваат нови правци и да откриваат нови уметници. JM е одлична платформа и доколку сакате да лиценцирате некоја музика за комерцијално видео, или филм.

Amazon Music – Слично на YouTube Music, АМ е феноменална платформа за бесплатно стримување музика поделена во најразлични категории, како најнови хитови, надобро од поп, и слично. Едноставно изберете го вашиот интерес и започнете со слушање! Интересно е тоа што од Амазон нудат и листа со песни кои бесплатно можете да ги преземете и користите како ваши. За целата листа, која често се надополнува, кликнете тука!

Jango – Сајт за кој пишувавме многу одамна, но и понатаму сме презадоволни од начинот на кој функционира. За пофалба се неограничените можности за создавање радио станици според ваш вкус, откривање нови песни и жанрови, како и дигиталната валута со која ги наградувате пејачите или, пак, играте одредени игри. Jango се одликува и со апликација за вашиот Android и iPhone телефон!

SoundClick – Веб сајт преку кој се нудат бесплатни преземања од илјадници сајтови на уметници. Пребарувањето е едноставно и се заснова на пребарувања според уметник, жанр, или табела. Нѝ се допаѓа и тоа што имате опција за радио и преслушување песни, а не само нивно преземање. Не е се бесплатно, но она што има се чини дека е повеќе од доволно.

Пријатно слушање!

1 коментар на “5 сајтови за бесплатно слушање музика

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии