OfficeLens е џебен скенер за конверзија и целосно прилагодување на документи

Ситуација кога ќе дознаете дека неповратно сте избришале важен документ знае да биде исклучително потресна, двојно повеќе доколку го најдете истиот документ во физичка, отпечатена форма и сте принудени одново да го пишувате. OfficeLens е бесплатна апликација која ја елиминира потребата за паника и автоматски го конвертира физичкиот документ во дигитален формат кој лесно може да се надополнува или исправа.

Откако ќе се инсталира во вашиот телефон, OfficeLens ја користи камерата и напредните софтверски параметри за препознавање на физичката форма на документот или белата табла, а потоа и за препознавање на карактерите, односно писмото. Неверојатно е со каква прецизност се грабнуваат буквите независно од тоа дали се работи за латинична или кирилична азбука.

Со вклучување на апликацијата ќе бидете прашани дали сакате да сликате документ, бела табла, фотографија или бизнис карта. Во зависност од избраното, ја насочувате камерата, сликате и избирате дали процесираното да се сочува во OneNote, One Drive, Word, PowerPoint, PDF или во галеријата. Одредени избрани формати, како word, ќе допринесат до активирање на OCR препознавањето и извлекувањето на карактерите од документот. Штом ова го направите, за неколку секунди ќе можете да го повлечете документот од OneDrive и да го искористите за понатамошни потреби.

При конверзија во некои други документи, како PDF, OfficeLens автоматски ги одредува границите на документот, ја отсекува непотребната површина, а ја прочистува саканата. Со секој сочуван документ можете да наместите OneDrive да направи простор и за оригиналната фотографија и за прилагодливиот документ, извлечен со технологијата Optical Character Recognition.

OfficeLens е одлично решение за ефикасна организација каде можете брзо да ги скенирате и соедините сите ваши белешки, сметки и документи. Скеновите не се совршени, но крајно добредојдени кога ќе ја земете алтернативата во предвид.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии