SoftMaker нуди сет од бесплатни канцелариски алатки

Мартин Јованчевски

во Совети

При работа со .pdf документи PDFill Tools 13 знае како да понуди целосна контрола, а ни најновата верзија на Foxit не лаже во тој поглед. Како трета алтернатива, FlexiPDF Basic не можеше ни да се приближи на претходно-споменатите гиганти, но благодарение на најновите надополнувања, таквото нешто повеќе не е случајот.

FlexiPDF Basic 2017 е всушност разблажена верзија на истоимената комерцијална верзија. До пред некое време, бесплатната верзија се сведуваше само на прегледување .pdf документи, но сега корисниците можат да уживаат во дополнителни и исклучително корисни функции, како менување на редоследот во .pdf документот, исфрлување на едни страници или вметнување на други. Дополнително, бесплатната алатка ќе ви дозволи да креирате .pdf документи и од други апликации, како Microsoft Word, а никој нема ни да се осмели да ве спречи доколку сакате да внесете коментари во самите документи или пак едноставно да ги отпечатите во целосна или делумна форма.

За директно креирање .pdf документ од повеќето Windows апликации потребно е да одите со соодветната команда за печатење и да го изберете FlexiPDF како вашиот „печатач“.

FlexiPDF Basic 2017 тежи нешто повеќе од 100 MB и е компатибилен со Windows 10, 8, 7 or Windows Vista.

Од истата компанија го имате на располагање и FreeOffice 2016 – канцелариски пакет кој се прикажува како солидна и бесплатна алтернатива на Microsoft Office. Пакетот крие комплексни алатки за пишување, табеларни пресметки и презентации, а, како дополнителен бонус, пријатно се чувствува не само во Linux туку и во  околина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии