Monitorian е алатка која ви дозволува да го менувате осветлувањето од вашиот монитор

Во случај да поминувате многу време пред компјутер, редно време е да поведете ред и за здравјето на вашите очи. Покрај правење чести паузи и гледање во далечина, се советува и светлината на вашиот монитор да биде намалена. Низ годините, пишувавме за неколку интересни алатки, како ScreenTemperature, BrightnessControl, или Brightness Control Free.

Денеска, под лупата го ставаме Monitorian, првенствено поради неодамна излезената трета верзија која се одликува со почист дизајн и повеќе корисни функции.

Со Monitorian можете да го менувате осветлувањето на вашиот екран преку едноставно влечење лизгач. Во случај да имате повеќе од еден монитор, добивате дополнителни лизгачи и за нив, а можете од еднаш да го менувате осветлувањето на сите приклучени монитори преку кликнување на иконата и избирање Enable moving in unison. За дополнително играње со опцијата за контрастот, потребно е да кликнете на иконата и да изберете Enable changing contrast.

1 коментар на “Monitorian е алатка која ви дозволува да го менувате осветлувањето од вашиот монитор

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии