Автоматско прилагодување на светлината на екранот во зависност од апликацијата со Brightness Control Free

Екраните на телефоните и таблетите знаат да бидат исклучително светли. Таквото нешто може значително да ги оштети вашите очи. Нормално, за да ја намалите светлината потребно е да повлечете со прстот од горната страна на екранот и да го поместите Brightness лизгачот кон лево. Голем број телефони сега дозволуваат и автоматско намалување на светлината на екранот во зависност од тоа дали се наоѓате во јако или слабо осветлена просторија (фунцијата се вика Adaptive brightness и обично се наоѓа во Settings, па Display).

Brightness Control Free е апликација преку која местите нивото на осветленоста на екранот во зависност од тоа која апликација ви е вклучена. Пример, со вклучување Instagram, светлината е 80%, но со вклучување Kindle светлината се намалува за додатни 30%. Еднаш штом наместите вакви или слични поставки, осветленоста на екранот автоматски ќе се менува како преминувате од една на друга апликација. Оние апликации за кои нема да наместите никакви поставки во Brightness Control Free, ќе бидат прикажувани со осветленост диктирана од самите системските поставки.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии