Македонските игри на табла растураат – Galactic Warlords за еден ден дојде до посакуваните средства

Image courtesy of Archona Games

Помалку од еден ден им беше потребен на Archona Games за да стигнат до посакуваните 20.000 австралиски долари на Kickstarter. Ова е втора игра на Archona Games која успешно го надминува потребниот праг за реализација.

Image courtesy of Archona Games

Интересно, ова е втор обид на Kickstarter на оваа игра. Во текот на минатата кампања, дојдоа до куп нови идеи за проширување на играта. Поради желбата да ги вградат промените ја прекинаа кампањата и ја одложија за околу половина година. Ако тогаш можеби имаше и сомневање за успехот, сега веќе нема.

На 21 ден до крај на кампањата играта има 227 поддржувачи кои заедно дојдоа до сумата од 20.229 австралиски долари.

Дополнителни добри вести за сите поддржувачи, е дека веќе го дознавме и првиот „stretch goal“. Станува збор за дополнителни карти со мисии кои ќе ја направат играта поинтересна и ќе овозможат поинтересни преигрувања. Поддржувачите од Kickstarter веднаш ја отклучија и специјалната карта „Kickstarter Brigade“.

Image courtesy of Archona Games / Kickstarter

Македонските игри на табла растураат на Kickstarter

Galactic Warlords: Battle for Dominion е четврта игра која успешно се финансира преку „crowdfunding“. Претходно ова им успеа и на Small Star Empires од Archona Games и Cavern Tavern и Rise to Nobility од Final Frontier Games.

Досега само од овие 4 кампањи се собрани над 500.000 долари. Кога зборуваме за инвестиции, игрите на табла се чини дека се помеѓу лидерите во Македонија. Иако станува збор за „crowdfunding“, а не за средства кои доаѓаат од инвеститори, успехот на игрите на табла е неоспорен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии