Wow! Cavern Tavern собра 107.000 долари на Kickstarter

Војкан Крстевски, Тони Тошевски, Ивана Станковска и Маја Матовска треба да се гордеат со својата игра на табла Cavern Tavern, илустрирана од Михајло Димитриевски – Тхе Мичо. Речиси 2.000 фанови полудеа по играта и ја купија во краудфандинг претподажба на Kickstarter. Aко играта го сруши македонскиот краудфандинг рекорд за само неколку дена, со завршување на кампањата поставија скоро недостижна цел. Соберени се 107.000 долари, што ја прави Cavern Tavern најуспешен краудфандинг проект од Македонија, и можеби една од најголемите инвестиции кога се стартапите во прашање.

Image courtesy of Cavern Tavern/Facebook

Image courtesy of Cavern Tavern/Facebook

Креаторите на играта очекуваа успешна кампања, но беа скромни. Тие бараа само 18.000 долари, и добија шест пати повеќе.

„Секој кој работи на некаков проект очекува и се надева дека ќе успее, но ние како за прва кампања, искрено, не очекувавме ваков одзив. Цела кампања за нас беше изненадување, како од побарувачката за играта, така и од коментарите и фидбекот на бекерите. Додека ја креиравме Cavern Tavern, но и откако ја поставивме на Kickstarter, oчекувавме да биде успешно финансирана, да го помине посакуваниот основен праг, бидејќи имаме добра игра. Сега сме среќни што се надминати сите наши прогнози и очекувања. Нема да бидеме скромни и ќе кажеме дека бевме многу посветени на играта, но и на самата кампања. Максимално се трудевме секое прашање да добие одговор, секој предлог да биде внимателно разгледан“, велат од Final Frontier Games.

13103348_1591954147784478_6047033715525390158_n

Cavern Tavern е „dice/worker placement“ игра наменета од два до пет играчи. Играчите се во улога на келнери во една од најопасните таверни во Five Realms и мора да ги услужат гостите помеѓу кои има елфови, тролови, џуџиња, но и волшебници, истовремено исполнувајќи ги задачите од сопственикот на таверната, Nasty the Dwarf.

За поддржувачите кои ја купија играта во предпродажба, копиите ќе започнат со испорака во јануари, по што играта ќе се појави и во продавниците. Доколку не ја поддржавте играта во предпродажба, Cavern Tavern ќе биде достапна во Гоблин, единствената продавница за друштвени игри во Скопје, и ќе чини 55 долари. Играта ќе биде достапна и во повеќе продавници во САД и Европа, а добра вест за македонските купувачи е што Гоблин ќе бидат единствената продавница во која ќе биде достапна Kickstarter верзијата на играта.

12440225_1572123096434250_430410935452675838_o

Од Final Frontier Games ги охрабруваат сите кои имаат идеја, но и финансии за реализација да го одберат краудфандинг како модел за финансирање, но предупредуваат дека има многу работа: длабоко истражување, одбирање на докажани рецензенти, но и целосно посветување на проектот.

„Kickstarter не е бунар за исполнување желби. Промоцијата на играта започна 6 месеци пред стартот на кампањата преку Facebook реклами, градење односи со светската гејминг заедница, PR текстови  за блогови, списанија, сајтови за бордгејминг ширум светот, интервјуа итн… Кога дојде време за старт на кампањата ние веќе имавме стотици фанови кои со нетрпение очекуваа да го поддржат проектот. Секој што планира да започне проект на Kickstarter мора да запомни дека Kickstarter е платформа која овозможува заедницата финансиски да поддржи некој проект, но сепак поддржувачите вие треба да ги донесете таму. Колку одработите пред старт на кампањата, такви и резултати ќе можете да очекувате.

3 коментари на “Wow! Cavern Tavern собра 107.000 долари на Kickstarter

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии