Македонската игра Small Star Empires руши рекорди на Kickstarter

Image courtesy of Archona Games/Facebook

Само три дена од почетокот на кампањата на Kickstarter, играта на табла Small Star Empires е на пат да биде можеби најуспешниот македонски краудфандинг проект. Играта на Archona Games за три дена успеа да собере скоро 9.000 aвстралиски долари од побараните 14.000, кои, ако продолжи со вакво темпо, ќе ги надмине во преостанатите 27 дена. Но, зошто зборуваме во австралиски долари?

„Кампањата е во AUD бидејќи, нели, не може да се направи Kickstarter од кај нас, па одиме преку австралиска фирма“, вели Милан Тасевски, креаторoт на Small Stars Empires.

Милан Тасевски, креаторот на Small Star Empire

Милан Тасевски, креаторот на Small Star Empire

Приказната на Small Star Empires, чии фигури се изработени со 3Д принтер, се врти околу битка за превласт на Вселената. Играчите населуваат ѕвездени системи, истражуваат прекрасни маглини и градат вселенски станици за трговија. Победникот е тој што ќе собере најмногу поени од својата напредна цивилизација. Во претпродажба играта чини 47 австралиски долари, или 32 eвра. Релизацијата на Kickstarter кампањата доаѓа и со неколку „stretch goals“. На пример, доколку креаторот успее да собере 18.000 долари, елементите ќе бидат направени од поквалитетен материјал; за сума од 22.000 долари ќе бидат додадени 12 нови системи; а за 35.000 австралиски долари се додаваат два нови сектори и можност за различно креирање на таблата.

12113363_442374159291691_1506840011331030050_o

Small Star Empires може да стане македонски краудфандинг рекордер. Тоа што стаува збор за игра на табла, игри за кои повеќето од вас не знаат дека се играат во Македонија, го прави проектот уште поинтересен. Од презентирање на играта на саемот за друштвени игри, па се до привлекување на релевантни YouTube-ери кои ја рецензираа играта, подготовките за Kickstarter траеја нешто повеќе од половина година.

„Мислам дека направив добро истражување за тоа како треба да изгледа една добра и успешна кампања за игра, а тоа нели не е само седни, стави ја на Kickstarter, туку опфаќа и други работи како поврзување со луѓе, презентации по саеми и настани…“, додава Милан.

По завршувањето на кампањата плановите на Милан и неговото студио Archona Games, се да ја дистрибуираат играта низ цела Европа и Америка, но копии ќе има и во Македонија. На кампањата се приклучија и Гоблин друштвени игри, па сите кои не сакаат или не можат да ја купат играта на Kickstarter, можат да донираат и добијат копија за 2.000 денари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
6 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments