Надополнето: 370.760 долари за Rise to Nobility, уште една успешна Kickstarter кампања

Надополнето @5 мај, 1:20

Заврши најуспешната македонска kickstarter кампања досега. Rise to Nobility на Final Frontier Games привлече 4.611 поддржувачи кои придонесоа со 370.760 долари. Отклучени се и сите проширени во кампањата. Претходниот рекорд од околу 110.000 долари беше за Cavern Tavern.  PnP верзијата на играта ќе биде достапна од јули, а физичката верзија ќе започне со испорака околу декември.


Rise to Nobility
е првата македонска игра на табла, но и Kickstarter проeкт кој стигна до потребните средства ($19.000) за помалку од еден час. Претходната игра, Cavern Tavern во својата кампања собра над 107.000 американски долари. Со оглед на тоа дека овој пат за неколку часа играта веќе има околу 64.000 долари, речиси е извесно дека рекордот ќе биде надминат.

„Ни во најлудите соништа не очекувавме да бидеме потполно финансирани за помалку од еден час“, велат од Final Frontier Games.

Играчите се борат за превласт во светот на „Five Realms“. Во оваа игра имаа 10 рунди преку кои играчи можат својот карактер да го донесат до победата. Има куп различни стратегии а играта изгледа многу, многу забавно.

Играта во моментов ја има надминато четвртата „stretch“ граница. Rise to Nobility има куп компоненти, а со секоја нова отклучена граница се добиваат нови компоненти или поквалитетна изработка. Дел од медиумите кои ги следат игрите на табла веќе се поготвени да ја прогласат Rise to Nobility за „hottest“ игра во својот жанр… За изгледот на играта повторно се погрижи Тхе Мичо, кој наскоро ќе се претстави како илустратор на уште една македонска игра.

Типот на игра повторно е сличен како и претходникот „dice/worker placement“ за 2 до 5 играчи. Времето помеѓу игрите Fantasy Frontier го поминаа за понатамошен развој и продлабочување на светот на „Five Realms“.

Rise to Nobility има слична поставена граница за реализација како и претходникот. Досега играта ја укажаа над 700 купувачи. Она што е разлика е дека овој пат играта може да се поддржи и со купување на Print ‘n Play верзија. Цената на физичка копија на играта во кампања е 49 долари, а во продажба ќе чини 60 долари. Print ‘n Play поддршката е 7 долари.

Секако како и за сите проекти на Kickstarter и овој пат мора да бидете свесни за цената на испорака, но од Final Frontier се одлучија самите да сносат дел од овие трошоци.

Rise to Nobility ќе биде достапна во перодот од јули 2017 кога излегува print ‘n play верзијата, а физичките копии започнуваат со испорака во декмеври.

Рецензија на играта може да прочитате на Boardgames.mk, додека интервју со Final Frontiers и Archona Games на тема што по успешна KickStarter кампања може да прочитате тука.

2 коментари на “Надополнето: 370.760 долари за Rise to Nobility, уште една успешна Kickstarter кампања

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии