5 Sci-fi филмови кои мора да ги гледате за време на новогодишните празници

Не ви се чита книга. Не ви се ни игра игра. Во ред  е. Понекогаш, едноставно сакате да одмарате и да гледате некој од следниве sci-fi филмови кои излегоа во 2018 година!

Black Panther

Филм кој црпи ретро футуристички елементи и древни африкански обичаи за да прераскаже приказна на крајно свеж начин. Феноменални дизајни на футуристички локали, но и на костими кои ќе ве принудат сериозно да размислувате за косплеј. Згора на тоа, харизматичен негативец и силен фокус на теми за идентитет и наследство, како и постојаното алудирање дека тврдоглаво држење за застарени традиции е синонимно со катастрофални последици.

Ready Player One

Кажете што сакате за Ready Player One, но ние апсолутно уживавме во првите десет прегледувања на филмот, особено откако дознавме дека водечкиот уметник за визуелни ефекти е Горан Коцов, со кој пред неколку месеци имавме можност да разговараме за неговата работа. Ready Player One успева да прикаже феноменален универзум каде виртуелната реалност го има достигнато следниот еволутивен чекор и пружа маестрални можности за живот надвор од катастрофалната реалност. Ако сакате компјутерски игри, шансите се дека ќе бидете крајно импресионирани од филмот.

A Quiet Place

Редок филм кој дава целосно нова димензија на падот на цивилизацијата и безбедносните мерки кои треба да ги преземете доколку сакате да останете живи. A Quiet Place е филм кој решивме да го гледаме со тони пуканки и пијалаци, а на што целосно заборавивме уште по првите неколку минути од гледањето. Се работи за трогателна приказна која е глува на вашите тивки молби и навивања, а секоја сцена е двојно понапната од претходната.

Annihilation

Во случај да сте огромни фанови на вонземни инвазии, тогаш Annihilation е филм кој никако не би требало да се провлече под вашиот радар. Ова е филм за кој и не би знаеле како да пробаме да го опишеме, од страв да не откриеме одредени детали. Верувајте нѝ кога велиме дека Annihilation ќе ве држи во неизвесност до самиот крај и во ниеден момент нема да можете да предвидите каква би била реакцијата на вонземниот „напаѓач“.

Upgrade

За крај, ви препорачуваме да ги одбележите новогодишните празници со B-movie акција од ко-креаторот на Saw и Insidious. Во оваа футуристичка приказна за одмазда, ќе бидете сведоци на возбудливи и крајно брутални сцени од исклучително впечатливи глумци. Upgrade нема приказна која ќе ве замисли или ќе открие целосно ново видување на универзумот и технологијата, но е мрачно забавен. Понекогаш, тоа е сè што барате од еден филм.

2 коментари на “5 Sci-fi филмови кои мора да ги гледате за време на новогодишните празници

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии