За многумина, новогодишните празници се одлична прилика за привремено криење од светот, втурнување во фотелја и губење во пишаниот збор. Таквото нешто, меѓутоа, не би било можно без листа од книги кои излегоа во 2018 година и станаа инстант хитови, книги кои ќе бидат особено ценети од сите оние кои се по технологија.

Bad Blood: Secrets and Lies in a Silicon Valley Startup

Bad Blood ја открива целосната приказна зад шокантниот колапс на биотек старапот Theranos. Ремек-дело каде на возбудлив начин се дознаваат интимни детали за ветувањата зад технологијата која требаше да ја револуционира медицинската индустрија, а произлезе дека не е ништо повеќе од измама. Ова е книга која од многу видни критичари се прогласи како една од најдобрите книги во 2018 година. Напишана е од Џон Керироу, новинарот кој прв ја откри приказната и неуморно откриваше детали за понатамошниот развој, и покрај бројни притисоци од харизматичната извршна директорка.

Upscale

Се работи за првата книга објавена од Tech Nation. Upscale детално ја проучува технолошката индустрија и крие бројни интервјуа со најпознатите технолошки претприемачи и инвеститори од Обединетото Кралство. Апсолутно ја препорачуваме на сите кои размислуваат да станат основачи и бараат изобилство од совети и професионални увиди во индустријата. За потребите на книгата, Џејмс Силвер има разговарано со лица како Брент Хоберман, Сара Вуд, Нил Рајмер, и многу повеќе.

21 Lessons for the 21st Century

Се работи за интересна колекција од есеи на различни теми. Почнувајќи со војна, па движејќи се кон темата за лажните вести и, некако, завршувајќи со есеи за религија и медитација, Јувал Ноа Харари ги чепка сите поголеми етички недоумици и ве остава со повеќе прашања отколку одговори. И покрај ова, неговите зборови се чисти, а толкувањата на светските настани – исклучително длабоки.

Hello World: how to be human in the age of the machine

На кој начин технологијата влијае врз човештвото? Во Hello World се проповеда не само за моќта на алгоритмите, туку и за нивните ограничувања. Уште со првите неколку страници, во умот на читателите почнува да гори ултимативното прашање: Дали алгоритмите ќе можат да ги заменат луѓето? Книгата е напишана од Хана Фрај, вонреден професор по математика.

Technically Wrong: Sexist Apps, Biased Algorithms, and Other Threats of Toxic Tech

Technically Wrong се осмелува да ги открие проблематиките во технолошката индустрија и храбро да навлезе во начините на кои таквото нешто влијае на луѓето. Истражувајќи ја мрачната страна на секојдневни навики на интернет, писателката Сара Вахтер-Ботчер открива како алгоритмите на многуте сервиси што ги земаме здраво за готово, негативно влијаат врз нас.

MIT Press Essential Knowledge Series

Ова не е една книга, туку серија од книги кои црпат клучни знаења и искуства од институтот за технологија во Масачусетс (MIT). Оние кои немаат можности да посетуваат MIT, можат преку книгите да добијат квалитетни увиди во теми кои се исклучително важни за модерната технологија.

Пријатно читање!

4 коментари на “5 книги кои морате да ги прочитате за време на новогодишните празници

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии