Стрипови засновани на видео игри #2

Се надеваме дека успеавте да прочитате нешто од нашите предлози од книги засновани на игри или од првиот бран од стрипови засновани на оваа мултимедијална форма на забава. Во вториот број имаме повеќе предлози за повеќе стрипови и повеќе забава.

Army of Two

Со Army of Two, EA проба да го револуционизира пукачкиот жанр во трето лице, но наместо тоа произлезе со сосема просечна игра која беше заборавена од многумина уште пред истекот на 2008 година. Она што и понатаму до некаде се спомнува се краткиот стрип серијал од 160 страни каде Питер Милиган се труди да прикаже како поранешните ренџери Салем и Рајос формираат нивна приватна воена корпорација и како се втурнуваат во војна помеѓу мексиканската армија и улични банди. Токму поради таквите теми, стриповите се препорачуваат на повозрасната публика (17+).

Dark Souls

Dark Souls видео игрите можеби се тешки, но тоа не е ситуација со стриповите кои се вистинско, релаксирачко уживање за сите фанови на приказната и темите кои се обработуваат во игрите. Dark Souls: The Age of Fire директно се надоврзува на играта која ја почна грозницата по мазохистичко мачење и ви дозволува да се навратите на почетоците на Dark Souls приказната и да навлезете во драматично прераскажување на легендите од Гвин. За многумина фанови на играта, ова е задолжителна колекција од стрипови, а веднаш по неа, строго се препорачува давење во Dark Souls: Winter’s Spite, или Dark Souls: Legends of the Flame. Dark Souls: Tales of Ember, пак, ќе ве удостои со осум кратки приказни кои се засновани на митовите кои се обработуваат во игрите. Во меѓувреме, фановите нетрпеливо го исчекуваат излегувањето на целосната колекција Dark Souls: The Age of Fire, како и на Dark Souls Omnibus – огромна колекција која ги содржи првите три приказни на едно место.

Deus Ex

Deus Ex игрите припаѓаат на еден од најпочитуваните sci-fi серијали, а на слична нота се наоѓаат и стриповите кои низ 122 страни ја прикажуваат првата авантура на Адам Џенсен со тимот кој треба да стави крај на терористичките активности врз аугиментираните луѓе. Алекс Ирвин, најдобро познат по работата на Daredevil се има потрудено да прикаже адреналински ситуации кои најдобро ќе бидат протолкувани од повозрасните читатели. Стриповите, патем, одлично ја пополнуваат празнината помеѓу Human Revolution и Mankind Divided. За цртежот е задолжен Џон Агс.

Dragon Age

Хитот на Bioware успеа да собере легија од фанови и додека се чека на најновата Dragon Age, на чие излегување се работи и очекува по Anthem, на располагање имате три колекции од стрипови. Dragon Age: The Silent Grove стапува на сила по настаните во Dragon Age 2 и е задолжителна лектира за сите оние кои сакаат совршено запознавање со овој dark fantasy универзум. Кралот Алистар, Исабела и Варик се соочуваат со затворски казни, опасни змејови и мистериозни вештерки, се со цел да ја откријат една од најголемите тајни во историјата на светот. За приказната е задолжен брилијантниот Дејвид Гејден, главниот писател за игрите и книгите. Во случај да барате уште, забавете се со Dragon Age: Knight Errant и запознајте се со талентираниот крадец, Веја. Dragon Age Vol. 1 е всушност минисеријал кој највеќе се посветува на првата игра – Origins.

Halo

Оние кои се по Halo игрите дефинитивно не можат да останат со празни раце под услов да сакаат да ја продолжат имерзивноста преку стриповите. На располагање имате повеќе стрипови отколку што би сакале да изброиме. Токму поради тоа, изгаснете ги горештините под сенка и со Halo: Collateral Damage, а потоа префрлете се на Halo: Escalation за да се надоврзете на настаните во Halo 4. Halo: Fall of Reach e интересно видување кое ве види онаму каде што се почнало и го прикажува Master Chief како мало детенце кое е земено од родителите и принудено да биде дел од Spartan II програмата. Ова е и еден од најомилените стрипови на долгогодишните фанови. Во случај да не сакате да застанете тука, тогаш спартански продолжете со колекциите од стрипови кои се насловени како Halo: Tales from Slipspace, Halo Rise of Atriox, или Halo: Initiation.

Што ќе читате? Што ќе нѝ предложите? Споделете ги вашите впечатоци низ социјалните мрежи и следете не и понатаму за серија од други стрипови засновани на видео игри!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии