Преземајте YouTube видео материјали со Freemake Video Downloader

Дали смеете да преземате видео материјали од YouTube?

Преземањето видеа од YouTube е легално, но може да се коси со одредени авторски права и може да подлежи на одредени услови кои се поставени од креаторите на видеата. Обично не е проблем да го преземете видеото само за ваша лична потреба, но доколку започнете за (комерцијална) редистрибуција на истото, ќе прекршите бројни правила за авторски права, а темната страна ќе добие поени за привлекување на уште едно етички-оперирано лице.

Преземање и инсталација на FVD

Преземете го програмот од официјалниот сајт и така што ќе кликнете на Free Download. Откако ќе се преземe фајлот, покренете го, изберете јазик и кликнете на копчето Next за да започнете целосна инсталација. Потребно е да сте приклучени на интернет затоа што ќе преземат дополнителни фајлови. По првото покренување, немојте да прифаќате понуда за инсталирање на премиум пакетот, освен ако сакате да преземате видеа подолги од три минути. Оние кои сакаат бесплатно да преземаат видеа кои се подолги, би требало да одат со една друга алатка, која се вика AceThinker’s Downloader. Оваа алатка има едноставен интерфејс и е целосно компатибилна и со платформите како Vimeo или Facebook.

Како и да е, за да преземете одредено видео на YouTube копирајте ја адресата од саканото видео и префрлете ја адресата на соодветната лента од програмот.

Дали знаевте дека за копирање не мора да одите со десен клик, па на copy, туку можете да претиснете Ctrl+C? За оваа и многу други најчесто користени кратенки, кликнете тука!

Инаку, откако ќе ја префрлите копираната адреса од видеото, можете да изберете со кој квалитет да го преземете видеото. Избирање на највисокиот квалитет значи и најдолго чекање за видеото да биде преземено. Имајте во предвид и дека може да го изберете и форматот во кој сакате видеото да ви се конвертира, што е клучно за оние кои сакаат материјалот да го гледаат на одредена направа, како apple. Програмот може да го преземе само аудиото, а не и сликата, но за таквото нешто потребно е да одите со платежната верзија. Кога сте задоволни со изборот кликнете на Download и почекајте да ви се преземе фајлот.

Во случај да ви сметаат горе-наведените рестрикции за бесплатната верзија, тогаш, дефинитивно проверете ги потенцијалите на AceThinker’s Downloader.

Од друга страна, има еден куп подеднакво корисни програми кои се целосно бесплатни. Прочитајте за најдобрите 30 тука!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Joseph Donahue
2 years ago

I pay a visit every day some blogs and blogs to read articles or reviews, except this blog provides feature based writing.