30 кратенки за тастатура кои мора да ги знаете

Во трката за поефикасно работење, кратенките преку тастатурата играат клучна улога. Токму поради тоа, одлучивме да издвоиме над 30 кратенки кои едноставно морате да ги знаете! Во случај да пропуштивме некоја клучна кратенка, дефинитивно кажете ни во коментарите, форумот или пак преку социјалните мрежи!

Windows оперативен систем

Shift + delete – Директно го брише селектираниот фајл, без да го префрла во корпата за отпадоци

Ctrl + Shift + N – Прави нов фолдер

Windows копчето + L – Веднаш го заклучува десктопот

Windows копчето + D – Ги минимизира сите отворени прозорци

Windows копчето + горна стрелка – Максимизира прозорци

Alt + F4 – Го затвора прозорецот во кој моментно работите

Ctrl + Shift + Esc – Отвора Task Manager. Исклучително корисно доколку замрзне некоја апликација или пак сакате да добиете подобар увид во одреден процес

Канцелариските програми на Microsoft

Мало потсетување дека постојат бројни подеднакво корисни и бесплатни алтернативи на Microsoft Office. Прочитајте за најдобрите тука!

Ctrl + S – Сочувува документ

Ctrl + B – Го здебелува одбележаниот текст (bold)

Ctrl + A – Селектира сè што има напишано во документот

Ctrl + C – Го копира селектираното

Ctrl + V – Го префрлува копираното

Ctrl + U – Го подвлекува одбележаното

Ctrl + Z – Го поништува последното напишано нешто

Microsoft Word

F7 – Проверка на правопис

F4 – Ја повторува претходно направената акција уште еднаш (за да не ја правите одново)

Shift + F3 – Го прави зборот со голема буква

Ctrl + Backspace – Инстантно бришење на целиот претходно-напишан збор

Alt + Shift + D – Внеси датум

Microsoft Excel

Shift + Space – Селектирајте цел ред

Ctrl + Space – Селектирајте цела колона

Ctrl + 1 – Го менува форматот на содржината во отворениот документ

Shift + F11 – Вметнете нов worksheet (работен лист)

Microsoft PowerPoint

Ctrl + M – Вметнете нов слајд

Ctrl + D – Дуплирајте објект

Ctrl + G или Ctrl + Shift + G – Групирајте објекти, и обратно.

Ctrl + Space – Поништете го моментниот формат на документот и вратете се на стариот

Прелистувач Chrome

Дали знаевте дека Google објави нов безбедносен пропуст на прелистувачот на Microsoft, Edge. Прочитајте за пропустот тука!

Ctrl + T – Отвора нов таб (јазиче)

Ctrl + Shift + T – Го отвора претходно затворениот таб

Ctrl + Shift + N – Отвора incognito прозорче, што е корисно доколку сакате да прелистувате без да се оставаат траги во одделот history

Ctrl + D – Ја поставувате посетената страница како омилена

Ctrl + R – Одново ја вчитувате страницата (refresh)

Ctrl + L – Селектирајте ја URL адреса на посетената страна

Ctrl + F – Најдете нешто од страната

3 коментари на “30 кратенки за тастатура кои мора да ги знаете

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии