Нови податоци за Kaspersky, руски хакери се инфилтрирале во компанијата

Минатата недела Wall Street Journal објави дека Русија преку Kaspersky украла податоци на NSA. Овој податок до САД го пренеле израелски шпиони кои во исто време биле длабоко инфилтрирани во Kaspersky. Израелските шпиони го следеле во живо протокот на податоци од NSA до Kaspersky, јави Washington Post.

Настанот се случил во 2015 година. Шпионите од Израел забележале на мрежата на Kaspersky софтвер кој потекнува од Националната агенција за безбедност. Kaspersky дозна за инфилтрирањето на Израел и истото го објави во средината на 2015 година. Останува непознато дали од Kaspersky воопшто знаеле дека се инфилтрирани од руските шпиони.

Начинот на кој функционира антивирусот, всушност навистина остава голем простор за злоупотреба ако е пробиена заштитата. Софтверот го скенира компјутерот за малициозни фајлови и код, го брише или ги хибернира овие фајлови и потоа испраќа податоци до Kaspersky. Истовремено со ова, антивирусот пребарувал и пронаоѓал фајлови од NSA. Со оглед на тоа дека анитивирус софтверот ги скенира сите фајлови на дискот, има непречен пристап до сите податоци.

Фајловите од Националната агенција за безбедност се украдени откако еден контрактор на агенција, ги изнел од канцелариите и ги префлил на домашниот компјутер. На овој компјутер како антивирус е користен Kaspersky. Дури и во овој период, NSA не го користела Kaspersky на агенциските компјутери, најверојатно бидејќи и самите злоупотребувале сличен софтвер и знаеле за опасностите, јави New York Times.

Израел ги известил американските сојузници за пробивањето. Можеби најинтересното прашање е зошто САД чекаа толку долго за да го забранат Kaspersky за користење во дел од државните институции?

Kaspersky повторно повтори дека ниту знаел, ниту е вмешан во ова хакирање. „Kaspersky Lab ниту некогаш помогнала, ниту ќе помогне на некоја влада во нејзините напори за сајбер-шпионажа. Производителот ги побара и сите информацции кои се достапни за да можат да започнат со истрага за овие наоди“.

Ако споделените податоци се точни, тогаш тешко дека на некој ќе му влее доверба податокот дека израелски шпиони се инфилтрирале во Kaspersky.

1 коментар на “Нови податоци за Kaspersky, руски хакери се инфилтрирале во компанијата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии