Играјте одлични, а евтини игри!

Во пресрет на пролетта и со цел да се понудат добри зделки за забавен провод од комфорот на вашиот дом, многу продавници на дигитални игри понудија исклучително длабоки попусти на игри. Во оваа прилика го изделуваме најдоброто од најдоброто и делиме предлози за тоа како да добиете многу забава за малку пари.

GOG – Продавница која продава игри кои можете да ги инсталирате како сакате, без DRM ограничувања. Моментно, нудат до 90% попусти на над 2500 игри. The Witcher 3 ја има најниската цена до сега и комплетната едиција може да биде ваша за 10 долари. Носталгичарите би ги замолиле да ги погледнат постарите игри со попусти до 86%, а RPG фанатиците да си се почестат со некој од следниве култни хитови. Авантуристите никако не смеаат да не кликнат тука, а доколку го сакате најдоброто од најевтиното, упатете се тука.

Нашите избори од оваа распродажба се:

Носталгичари:

Економисти:

Авантуристи:

  • Hellblade: Senua’s Sacrifice за 10 долари – вреди секој денар, незаборавна приказна во суров свет и со теми кои многу девелопери не би се осмелиле да ги чепнат.
  • Metro: Last Light Redux за пет долари – одличен шутер во постапокалиптичен свет
  • Never Alone Arctic Collection за 3.5 долари – трогателна приказна која нема да можете лесно да ја заборавите
  • The Next BIG Thing за 2 долари – хумористична авантура со впечатливи ликови

Origin – Продавницата на ЕА некако нема многу игри на продажба овојпат, но бележи историско намалување на бројните проширувања за The Sims 4. Нема да останете со празни раце ни доколку сакате да навлезете во бојното поле со Battlefield V, или на тркачките улици со Need for Speed: Heat. Цените, за жал, не се премногу ниски.

Ubisoft – Апсолутно феноменална распродажба каде нема да можете, а да не најдете нешто интересно. Дали сте по авантури, стратегии или акции, овде има за секого по нешто, а нема ни да се потрошите многу за да зграпчите некој хит. Не заборавајте да искористите 100 парички за да извлечете дополнителен попуст од 20%.

Нашите избори од оваа распродажба се:

Green Man Gaming се одликува со мала распродажба во која постојано се менуваат зделките. Во случај да сакате хорор, проверете ја Homecoming за 8 долари, а за помладите проверете ја Bubsy за 5 долари. Red Dead Redemption 2: Ultimate Edition се продава за 52 долари. Од друга страна, одличната Grand Theft Auto V: Premium Online Edition е неполни 13 долари.

PlayStation Store – Независно од реонот на кој е регистриран вашиот акаунт, можете да најдете интересни зделки за дружење со вашата конзола. Доколку побрзате, би можеле да ја фатите промоцијата Double Discounts каде, доколку сте PSN plus претплатник, имате на располагање бројни игри за исклучителни малку пари. Британскиот регион веќе понуди нова распродажба, а на американскиот фронт се очекува нова распродажба наскоро.

Нашите поевтини избори од оваа распродажба се:

Се надеваме дека најдовте некаква вредност во текстот. Најважно од сè, се надеваме дека се социјално оддалечувате. Седите дома. Чувајте се. И уживајте! <3

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии