3 совети за побрза работа во Windows 10

Имате Windows 10 на вашиот компјутер, но не сте некако задоволни со неговата брзина? Ова се 3 совети кои би можеле да ви помогнат значително да се забрза севкупното искуство!

1. Ограничете ги програмите кои автоматски се вклучуваат, a избришете го она што не ви го треба

Одредени програми не ви се воопшто потребни, а имаат тврдоглава навика постојано да се вклучуваат без ваша дозвола. За да спречите вакво успорување на процесот на покренување на Windows 10, претиснете ја коминацијата од копчињата Ctrl-Shift-Esc, па на More Details. Кликнете на јазичето Startup за да видите кои се програми автоматски се вклучуваат. За секоја апликација можете да видите од десната страна до кој степен го успорува процесот на покренување на Windows 10. Па така, доколку не користите OneDrive кликнете на него, па на копчето Disable. И, да не се лажеме, доколку некој програм не ви треба, деинсталирајте го. Опцијата Uninstall е тука за причина, а за дојдете до неа кликнете на копчето Start, напишете Programs, па претиснете Enter. Лев клик на програм кој не ви треба, па Uninstall!

2. Повеќе RAM и SSD диск ќе допринесат до значително поголема брзина

Иако Windows 10 солидно се справува со меморија, 16GB RAM е подобро од 8GB, но првенствено доколку сте по уредување видеа или гејминг. Обично, компјутерите имаат 8GB RAM, што значи дека вам ви треба уште еден модул од 8GB кој се движи по цена од 2000 денари.

How to Install RAM | Digital Trends

Од друга страна, вметнување SSD диск и инсталирање Windows 10 на него значително ќе го забрза не само покренувањето на оперативниот систем, туку и на сите апликации кои ќе бидат инталирани во него. Многу корисници забележуваат запрепастувачка разлика во брзината само со инсталирање SSD во компјутерот.

Home Server - Install SSD to HP Microserver Gen8 8 - SomoIT.net

3. ReadyBoost би можел да вдахне нов живот во стари компјутери

Во случај да имате исклучително стар компјутер и не сте спремни за горе-споменатата инвестиција, би можеле да пробате со ReadyBoost преку USB стик. За да дојдете до саканиот процес, претиснете го Windows копчето заедно со R. Потоа напишете services.msc и кликнете на OK. Од појавениот процес пробајте да најдете или SuperFetch или SysMain. Погрижете се да ги има на листата и да се наместени на автоматско вклучување. Потоа, внесете го вашиот USB стик. Претиснете Windows копче и E во исто време за да се појави File Explorer. Лоцирајте го стикчето кое сакате да го користите. Десен клик на него, па на Properties. Од ново-отворениот прозорец изберете го јазичето ReadyBoost. По извршената анализа, изберете ги опциите кои се најсоодветни за вас! Не заборавајте дека ReadyBoost се препорачува за компјутери кои имаат малку RАМ и стар HDD.

Бонус совети!

  • Исчистете го вашиот хард диск од непотребни работи така што ќе кликнете на копчето старт и ќе напишете Disk Cleanup. Програмот ќе проба да ги отстрани непотребните фајлови, но за поголема длабочина искористете ги предностите на Black Bird Cleaner, Synei System Utilities или Advanced SystemCare!
  • Проверете дали е вашиот компјутер чист и нема вируси или слични штеточини со некој од следниве антивирусни решенија!
  • Наместете High Performance за оптимизирана брзина така што ќе се упатите во Settings, па System, па изберете Power & Sleep за да на крај отидете до Additional power settings. Од тука изберете ја опцијата Show additional plans и изберете High Performance.

1 коментар на “3 совети за побрза работа во Windows 10

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии