Забрзајте го компјутерот со Advanced SystemCare 13

Advanced SystemCare 13 е една од најпознатите алатки за чистење на вашиот систем, како и негово забрзување. Паралелно со ова, безбедноста на вашата приватност може да е на повисоко нив, а и се поправаат најразлични проблеми поврзани со функционирањето на оперативниот систем.

Многумина корисници го ценат сево ова, особено едноставноста со која се одликува Advanced SystemCare 13. Се што треба да направите е да кликнете на големото копче за скенирање и да почекате да се покрене серија од задачи. Во Speed Up одделот имате на располагање најразлични опции за зголемување на севкупните перформанси, а во Protect областа можете да наместите никако да не може да се менуваат одредени работи во вашиот прелистувач. Тука, на располагање имате и можности за препознавање лице, преку Face ID.

Најновата, тринаесетта верзија на Advanced SystemCare, воведува нов начин за заштита на и-мејловите, со која се детектира и блокира спам, обиди за фишинг, и малициозни линкови. Ова е паралелно со заштита при прелистување и отстранување огласи. Нешто што особено нѝ се допадна е тоа што Software Updater каде се скенира вашиот систем, се бараат застарени драјвери на програми и се нудат флексибилни можности за нивно надополнување.

Забележителна е и суптилна промена на интерфејсот и минимално „прочистување“ на одделите, во поглед на иконите и нивните имиња. Имено, Clean & Optimise сега се вика Care, а Toolbox се има трансформирано во Software Updater. За крај, успеавме да ја забележиме и новата опција Context Menu Manager со која можете да деактивирате или извришете внесови во Windows, како и File Shredder, каде безбедно можете да избришете фајлови и фолдери. Податоците избришани со оваа алатка, не можат да се вратат назад.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk