По подолго време користење, инсталирање и бришење најразлични програми и игри, оперативниот систем знае да фрустрира или, во најмала рака, разочара со успорената функционалност. Во тие ситуации, обично се прави една од три работи. Помирување со судбината и непреземање ништо, форматирање на хард дискот и инсталирање на свежа копија или користење на соодветна алатка за оптимизација. Пред да се одлучите за некој од првите две опции, побарајте спас во алатка која специјализира во оптимизација и забрзување на системот.

Synei System Utilities 4 е една таква алатка. Бесплатна е за користење и ви дозволува автоматизирана процедура со еден клик. Во одделот Health кликнувате на 1-Click Maintenance и започнувате секвенца од исправки. Индивидуална иницијализација на алатките наоѓате во одделот Toolbox, односно преку категориите Optimization, Security, Personal и Other.

Одделот Turbo, кој е дел од платежната верзија, ветува драматично забрзување на компјутерот и знае да помогне во ситуации кога покренувате апликации кои бараат многу ресурси, апликации како игри или софтвер за уредување видео материјали.

Најновата верзија на Synei System Utilities 4 се одликува со нов менаџер за задачи (Task Manager), но и Force Deleter кој е исклучително корисен за отстранување тврдоглави фајлови кои се заклучени од самиот оперативен систем. За поефикасни и автоматизирани резултати, можете да го прилагодите програмот да активира Turbo Boost на секои 30 минути.

Deep Cleaner и Big File Scanner се другите две алатки кај кои забележавме подобрувања со новата верзија, а доколку не сакате да го инсталирате програмот, на располагање имате и портабилна верзија.

Алатката работи на Windows XP, 7, 8.1, 10 или Server, а бара минимум 10 MB простор и 128 GB РАМ меморија.

За крај, би сакале да нагласиме дека, како и сите алатки од овој калибар, така и Synei System Utilities 4 не прави чуда и не може да допринесе со подобрувања кои се надвор од способностите на хардверот. Како што кажавме, програмот е бесплатен за преземање и користење, а доколку сте задоволни имате на располагање и платежна верзија која, за 19 долари нуди додатни алатки за напредно чистење и исправки.

Во случај да барате корисни алтернативи, можете да ги оптимизирате перформансите на вашиот компјутер и со Revo Uninstaller и CCleaner.

1 коментар на “Забрзајте го вашето PC со Synei System Utilities 4

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии