За две недели Clubhouse го удвои бројот на корисници

Најновата и најинтересна мрежа во моментов – Clubhouse, полека започнува да го зголемува бројот на корисници. Иако сè уште се ексклузивно на iPhone, последниве две недели Clubhouse го удвои бројот на корисници. Во период од 1 до 16 февруари бројот на корисници на Clubhouse порасна од 3,5 милиони на 8,1 милиони.

Бројот на преземања за жал не ја покажува целосната слика. Корисниците може да ја преземат апликацијата од AppStore, но без покана нема да можат да ја користат ниту да учествуваат во дискусиите. Во овој случај, корисниците се на виртуелна листа на чекање, веројатно се додека Clubhouse не ја укине праксата за креирање активни профили со покана.

Во моментов главна реклама за мрежата се јавни и популарни личности како Дрејк, Аштон Качер, Кевин Харт. Сепак веројатно никој не е погласен во промоцијата на Clubhouse од Елон Маск. Барем засега се чини дека интересот за Clubhouse ќе остане поголем од бројот на покани кои се испраќаат до корисниците.

Со растот се појавија нови проблеми

Едно од прашањата кои се најактуелни во овој период, секако е прашањето на приватност. Clubhouse се чини дека не може да гарантира дека разговорите се приватни. Друштвената мрежа имаше можност да ги искористи искуствата на конкурентите, но сепак не го направи тоа.

„Clubhouse не може да одржи никакви ветувања за приватност за разговори одржани насекаде низ светот“, вели Алекс Стамос, директор на Интернет опсерваторијата Стенфорд и поранешен шеф за безбедност на Facebook.

Причина за ова е кинескиот стартап Agora Inc. чија технологија се користи за процесирање на податоците и аудио продукција. Пред една недела Интернет опсерваторијата Стенфорд, забележа дека метаподатоци од една соба се пренесуваат на сервери во Кина, пренесе LA Times.

Ако ова не се доволно проблеми, интересот за платформата не остана незабележан од најголемиот конкурент. Гласини велат дека Facebook веќе започнал со клонирањето на Clubhouse, и друштвената мрежа развива сопствена платформа за аудио разговори во соби.

„ Долги години ги поврзуваме луѓето преку аудио и видео технологии. Секогаш истражуваме нови начини да го подобриме ова искуство за корисниците“, вели портпаролот на Facebook, Емили Хаскел за New York Times.

1 коментар на “За две недели Clubhouse го удвои бројот на корисници

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии