ClubHouse – платформата која планира да го доминира светот на друштвените медиуми

Facebook, Twitter, Instagram и Snap без сомневање се најголемите друштвени мрежи во моментов, но во целиот сектор како одамна да недостасува некаква свежина. За жал кога друштвените мрежи се во прашање и натаму сè почнува и завршува со Facebook… Покрај сите проблеми и контроверзии Facebook и натаму е најголемата друштвена мрежа во светот – на почетокот на месецот наполни 17 години и барем последниве години е толку доминантна што е тешко е да се потсетиме на времето пред неа.

Најголем проблем на Facebook е намалувањето на интересот за друштвената мрежа кај помладата публика. Причината за ова се чини е што помладата генерација не ја гледа друштвената мрежа како простор на кој може да се пронајде и смета дека Facebook е друштвена мрежа за повозрасна публика. Сепак дури во возрастите во кои е најнепопуларен, Facebook има повеќе корисници од конкурентите. Бројот на корисници помлади од 17 години во второто тримесечје на 2020 е 2,6 отсто помал од бројот во 2019. Интересот за Facebook е намален и кај повозрасната публика. Една од причините за ова е актуелизирањето на прашањето за приватност. Но и неколку контроверзни прашања на кои Facebook не успева да одговори, како недоволното справување со лажни вести, преагресивните реклами кои се наоѓаат на мрежата и се повеќебројните технички проблеми со кои се соочува.

Има ли простор за нова друштвена мрежа?

Иако делува дека во моментов целиот интернет е поделен на YouTube, Twitter, Facebook, TikTok и Linkedin, сепак се чини дека постои простор за нова друштвена мрежа која ќе понуди нешто поразлично и ќе биде новиот конкурент на веќе старите платформи… Согласно последните кориснички движења на интернет, може да се забележи дека платформата Clubhouse има потенцијал да го доминира пазарот. На друштвената мрежа може да ги пронајдете и Илон Маск; и основачот на Robinhood, Владимир Тенев; но и актерот Кевин Харт; музичарот Дрејк; и актерката Тифани Хадиш. Последна вест е дека Илон Маск го покани на разговор претседателот на Русија, Владимир Путин.

Clubhouse е основан од Пол Дејвидсон и Рохан Сет. Во платформата досега во три рунди се инвестирани 110 милиони. Најголем дел од инвестициите се од Andreessen Horowitz, а еден помал дел Kortschak Investments и L.P.

Бројот на корисници е минијатурен во споредба со конкуренцијата, но трендот е брзорастечки. Најголем дел од корисниците се приклучија последниве неколку месеци. Само во февруари на платформата и се приклучија нови 4 милиони корисници.

Број на корисници на ClubHouse

ноември 20200,2 милиони
декември 20200.6 милиони
јануари 20212 милиони
февруари 20216 милиони

Платформата постои од март 2020 година. Се развиваат полека, и барем засега пристапувањето е единствено можно со покани од постоечки корисници. Корисниците можат да се приклучат само на iOS апликацијата, а засега нема ниту Android, ниту веб-верзија. По инвестицијата од Andresen-Horovitz во последната рунда, вредноста на мрежата е проценета на над 1 милијарда долари.

Начинот на кој функционира ClubHouse веројатно најдобро се опишува како друштвена мрежа на подкасти. Причината за ова е што за разлика од другите друштвени мрежи оваа е наменета за споделување на аудио пораки. За илустрација, единствена слика која се споделува на ClubHouse е профилната слика на корисникот.

Начинот на кој сè ова функционира е преку креирање на соби во кои корисниците можат да слушаат и да разговараат со други луѓе на различни теми кои ги интересираат. Во текот на разговорите, ако има простор за дискусија, корисникот може да „крене рака“ и да земе активно учество во разговорот.

Некако, според тоа дали учесникот зема учество во дискусијата или не, искуството на ClubHouse може да се подели на два различни дела Ако корисникот доаѓа и единствено го слуша разговорите тогаш платформата би била некаква платформа како Medium, но овојпат за подкасти. За корисниците кои земаат активно учество платформата е интерактивно искуство.

Дискусии наместо подкасти

Еден од квалитетите кои ја прават мрежата уникатна се дискусиите кои се во реално време и нема нивно зачувување. (Секако дека постојат начини да се снимат разговорите, но засега тоа не е функционалност која постои во мрежата.) Целта е овие разговори да бидат во живо, и корисниците да можат да ги преслушаат единствено во периодот во кои се активни на мрежата. Ова секако значи дека различни креатори на содржини и групи ќе се натпреваруваат за времето на корисникот.

Нотификациите доаѓаат постојано, некои се препораки за нови соби, некои повици од пријателите за приклучување во соби. Ова веројатно брзо може да им здодее на корисниците. Изборот ќе биде помалку нотификации и ризик дека ќе пропуштите содржина која ве интересира, или ќе мора да се справите со куп нотификации.

„Ако мразите нотификации на својот памет телефон, ќе ви оди на нерви, но ако саката да ја испробате ClubHouse и да откриете добра содржина ќе морате како мене да овозможите да ви ги испраќаат и повеќе. Дури и ако не го направите ова, знајте дека најголем дел од собите кои ви ги препорачува ClubHouse се лоши или неинтересни. Ќе влезете во собата, ќе сфатите дека не е за вас и ќе излезете, станува збор за нормална навика, на пример собата може да има интересен наслов, но лоши учесници или содржина“, вели Иван Брезак од Netokracija.

Токму ова ќе биде првиот предизвик за корисниците и за платформата, да пронајдат квалитетна содржина, но и учесници. Дополнително во собите во кои е дозволено учество на слушателите на квалитетот ќе влијае и самата публика.

Еден од предизвиците за платформата ќе биде и да го приближи новиот начин за претставување, но и директно учество, во креирање на содржината на своите членови. Самите членови ќе треба да откријат кога некоја содржина е соодветна, а кога не е за овој начин на претставување. Дополнително поради големиот интерес за некои од настаните, лимитот од 5000 членови по соба понекогаш делува како престрого ограничување. На пример во јавната соба на Илон Маск немаше простор за сите кои сакаа да го слушаат.

Платформата не е без проблеми…

За апликацијата која нуди ограничено проширување исклучиво преку покани, ClubHouse премногу здодева со нотификации за покани на луѓе од контактите. При самото приклучување на друштвената мрежа корисникот може да одбере да ги сподели контактите со ClubHouse. Aко не го направи ова нема да може да покани никој и тука завршува сè. Но ако одбере да ги сподели контактите најпрво ќе биде креирана мрежа на контакти кои веќе ја користат апликацијата, а потоа ќе започне со „совети“ за покани до „пријателите“ од именикот.

Еден од најновите проблеми на ClubHouse кој е актуелен од минатата недела е недостатокот на функција со која корисникот може да го избрише својот профил. Единствен начин за бришење е со испраќање на електронска пошта, па корисникот треба да чека да биде избришан профилот. Втор проблем е што во време на зголемена чувствителност за приватност и транспарентност, ClubHouse не нуди можност за проверка и преглед на податоците кои мрежата ги чува за корисниците.

За кого е ClubHouse, и за кого не е…

Барем во моментов се чини дека фокус на друштвената мрежа се заедници кои се заинтересирани за технологија и техника. Ова можеби и не смее да не изненади со оглед на тоа дека мрежата е најдобро прифатена во Силициумската долина.

ClubHouse веројатно може да биде одлична мрежа за групи на експерти кои соработуваат на различни проблеми. Своевидна замена за Discord за сегашните корисници на Facebook кои се организираат за соработка на заеднички проекти или само за разговори.

Во моментов најголем недостаток на ClubHouse е ограниченоста на пристап до платформата. Платформата е достапна единствено со покана, а втор проблем е што во 2021 година е достапна исклучиво на iOS.

1 коментар на “ClubHouse – платформата која планира да го доминира светот на друштвените медиуми

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии