Автономно возило на Uber усмрти пешак

Полицијата и судските власти во Аризона се пред сериозен предизвик. Автономно возило на Uber додека тестираше, удри и усмрти пешак.

Возилото додека било во автономен режим удрило во 49-годишна жена во Темпи, Аризона. Жртвата минувала улица, надвор од пешачки премин, а полицијаа сè уште го истражува случајот. Несреќата се случила во неделата навечер. Жената, Елејн Херцберг била пренесена во болница каде и починала.

„Автономните возила не можат точно да го предвидат однесувањето на луѓето, вистинските проблеми настануваат во интеракција на луѓето и автономните возила“, вели Џон Симсон од Consumer Watchdog, организација која е противник на користењето на автономни возила.

Ова е прв пат пешак да биде жртва на автономно возило. Претходно жртви во сообраќајните неезгоди беа возачите на возилата.

„Со мислите сме со семејството на жртвата. Целосно соработуваме со локалните власти во истрагата за случајот“, вели претставникот на Uber, Сарах Абоуд.

Прва жртва на автономните возила е Џошуа Браун. Тој загина додека неговото возило Tesla Model S беше во автономен режим на возење. Незгодата се случи во Флорида. Тогаш, ниту возилото, ниту возачот не реагираа на приколката на камионот кој возеше пред возилото. Проблемот беше висината на приколката што го збуни роботот да не ја препознае опасноста. Трагичниот прв удар на автомобилот бил на шофершајбната што ги блокирало автоматските безбедносни системи.

Сепак, дел од организациите кои се залагаат за построга регулација на автономните возила го искористија случајот за да потсетат на својата агенда.

Uber поради ова престана со тестовите на автономние возила.

Секако веста дека aвтономните возила направиле незгода ќе биде поинтересна, барем уште некој период. Ова сепак не значи ништо. Фаталните незгоди откако започнале тестовите на возилата се бројат на прсти. Во истиот период бројот на фатални незгоди предизвикани од луѓе е значително поголем. Сепак кај оваа статистика мора да се истакне дека возилата засега возат на прилчно безбедни локации.

Секако, најголема предност на автономните уреди е што не губат внимание ако некој зборува со нив, не се заморуваат и не се нервозни. Дури и самото ветување дека ќе бидеат намалени сообраќајните незгоди треба да биде доволно да се продолжи со развој.

1 коментар на “Автономно возило на Uber усмрти пешак

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии