Прва жртва на автономните возила oткако автопилотот на Tesla се збуни

Автоматското управување во Tesla Model S е под истрага по фаталната сообраќајна незгода во која загина 40-годишниот Џошуа Браун, сопственикот на возилото. Веста, заедно со жалење ја објави Tesla на својот блог, потсетувајќи ги корисниците дека автоматскиот пилот е сè уште во тест фаза.

Незгодата се случи на пат во централна Флорида, откако ниту возилото, ниту возачот не реагираа на приколката на камионот кој возеше пред возилото. Проблемот беше висината на приколката што го збуни роботот да не ја препознае опасноста. Трагичниот прв удар на автомобилот бил на шофершајбната што ги блокирало автоматските безбедносни системи.

Претходно починатиот г. Браун, кој беше фан на Tesla, на YouTube сподели видео во кое ги презентира можностите на автоматскиот пилот на Tesla. Во ова видео aвтомобилот го известува за опасноста која доаѓа предупредувајќи го веднаш да ја преземе контролата, вели Verge.

Tesla вели дека автоматското управување во Model S е во тест фаза и корисниците не би требало премногу да се потпираат на него, a дел од експертите оправдано ја критикуваа компанијата дека во премногу рана фаза од проектот вклучува корисници. За илустрација, технологијата на Google засега и покрај подолгата „километража“ немаат жртви, а сообраќајните незгоди во кои учествуваат се со минимални последици.

Our condolences for the tragic loss https://t.co/zI2100zEGL

— Elon Musk (@elonmusk) June 30, 2016

7 коментари на “Прва жртва на автономните возила oткако автопилотот на Tesla се збуни

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии