Уште еден град на Флорида плати огромен откуп на сајбер напаѓачите

Откако минатата недела Ривера Бич плати огромен откуп на хакерите кои ги заклучија компјутерските компјутери на градот, оваа недела и Лејк Сити одлучи да плати откуп. Сумата која а плати градот е 42 биткоини што е околу 500 000 долари.

Советот на Лејк Сите гласаше и одлучи да ги плати за да ги добијат системите назад.

Нападот бил готов за неколку минути, и иако само неколку минути од почетокот на нападите ИТ одделот на Лејк Сити, започнал да ги гаси компјутерите, веќе бели предоцна. Вработените во локалната власт останале без пристап до компјутерите, но и без пристап до податоците.

Интересно и Лејк Сити е помал град од Флорида, па можеби напаѓачите успеале да пронајдат некој пропуст кој го злоупотребиле во двата  случаи. Засега за ова нема никаква потврда.

Што се однесува до откупот најголем дел од парите ќе бидат покриени од осигурувањето, но 10 000 долари ќе бидат додадени од парите од граѓаните.

Покрај овие градови цел на напади беа и Бостон и Атланта, но овие градови сепак не платија откуп. Секако последните неколку напади се веројатно најдобар показател дека е потребно значително да се подигне безбедноста. Редовното креирање на бекапи секако ќе помогне со „ransomware“ напади, но за подигање на безбедноста треба да се инвестира и во обука на вработените.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk