Град во Флорида ќе плати откуп од 600 000 долари на напаѓачите кои ги заклучија податоците на градот

Градскиот совет на Ривера Бич едногласно донесе одлука да ги исполни барањата на група хакери и да им исплати 600 000 долари. Хакерите ги изнудија овие пари од градот откако ги шифрираа и заклучија податоците на Ривера Бич. Сумата ќе биде исплатена во биткоини и изнесува 65 биткоини. Ривера Бич е мал град со 35 000 жители на Флорида, но откупнината која требаше да ја исплатат е многу поголема од онаа која се бараше и од далеку поголеми градови.

Напаѓачите успеале да влезат во системот откако еден од вработените отворил линк од електронската пошта со што овозможил да се закачи малициозен код. Освен што го изгубиле пристапот до податоците, градските власти ги „изгубиле“ и системите за праќање електронска пошта, морале да ги исплаќаат вработените и услугите со чекови, а и службата за итна помош (911) не можела да регистрира повици во компјутерскиот систем.

За жал не постои гаранција дека откако ќе ги добие парите напаѓачот ќе ги врати податоците. Дури и да го направи тоа поради начинот на кој функционира софтверот кој го користат, дел од податоците вообичаено се изгубени.

Советот се одлучил на овој потег откако добиле ваков совет од советникот за онлајн безбедност кој го консултирале, пренесе Associated Press.

Бројот на „ransomware“ напади на компаниски, државни и најмногу градски системи е во голем пораст.

Неодамна властите во Балтимор одбија да платат отштета од 75 000 долари, а за отстранување на проблемот сега треба да потрошат 18 милиони долари. Сомневањата се дека главен виновник за овие напади е Националната агенција за безбедност. Неодамна беа украдени и објавени дел од алатките кои ги развиле и ги користеле против своите цели. Сомневањата се дека главна алатка која придонела за новите напади е Eternal Blue, развиена од оваа агенција.

2 коментари на “Град во Флорида ќе плати откуп од 600 000 долари на напаѓачите кои ги заклучија податоците на градот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии