Топ 9 книги на македонските претприемачи во 2016-та

Често кога разговарам со македонските стартапџии муабетиме околу нов производ на Product Hunt, некој блог на Medium или пак нова прочитана книга. Сепак, тоа што за некои луѓе се препораки за нови филмови и серии, за стартапџиите и претприемачите се книгите. Ги прашав македонските стартапџии да ни кажат кои се книгите кои најмногу им оставија впечаток во 2016-та. Во прилог е листата на топ книги во 2016-та кои се наоѓаат во библиотеката на неколку македонски претприемачи:

„Во глобала литературата која ја читам ја категоризирам во два типа –размислувачка, онаа која наполно ми го променува начинот на размислување и акциона, онаа од која веднаш можам да позајмам и имплементирам совет или акција. Од двата типа го претпочитам првиот и од најдобра книга од тој тип за 2016 ми беше The Image, a guide to America’s pseudo eventsКнигата во суштина е филозофска и трагична, но и задолжително четиво за секој маркетер кој искрено се грижи за своите клиенти, која ми помогна да увидам во стереотипниот начин на кој ги служиме нашите клиенти било преку испорака на продукт, било преку испорака на искуство. Денешниот потрошувач е буквално затрупан во стереотипи и стандардизирани понуди и речиси и да не знае дали има нешто подобро и како би изгледало подоброто нешто. Сѐ потешко е да му се понуди на еден клиент нешто ново и неочекувано бидејќи речиси сѐ е искусено барем за модерниот потрошувач. Книгава нѐ учи како најголем дел од потрошувачките, па и животните искуства на луѓето околу нас се само плитки, нереални псевдо искуства и како ова би претставувало поволна рамка за ново свежо разбирање на тоа што претставува добро вистинско искуство и како би изгледало истото.”

„Чекај, зарем сѐ уште има луѓе што читаат книги? Мислам баш книга во физичка форма од хартија? Се шегувам :) Иако 90% од читањето го правам или на таблет или на киндл, добро е кога ќе земеш нешто во раце да читаш, а да не му се троши батеријата :) Но, да се вратам на прашањето, омилената книга што ми остави впечаток во 2016 е авторот на Дилберт. Книгата е прва лига. Она што ми се допадна највеќе се контра-меинстрим ставовите во врска со тоа што е успех, а што неуспех. Идејата наместо да се поставуваат цели, да се развиваат системи е супер интересна. Денес има некоја мантра да се глорифицира неуспехот. Посебно во стартап светот. Тешки глупости. Не е поентата да се глорифицира неуспехот, поентата е да се глорифицира што си направил после тој неуспех. Покрај илјадниците книги за успех и самопомош, оваа книга веројатно е една од ретките што е успешна на тема успех :) Книгата ја избрав сосема случајно преку Твитер. Ми улета еден твит од Скот Адамс на тема изборите во САД и зошто Доналд Трамп победи. Нормално, како тоа оди на интернет, линк по линк, пост по пост, стигнав до неговата книга. Предизивикан од неколкуте постови што ги прочитав од Скот, едноставно морав да прочитам што има да каже во врска со една од најзборуваните теми во стартап заедницата.”

„Иако не е поврзано со стартап и бизнис, многу ми помогна во програмирањето. Во 2016-та имав огромна желба да го научам PHP framework -от Laravel, а оваа книга навистина ми помогна во тоа. Со самото тоа што авторот е full-stack девелопер, откривањето на главните тајни на Laravel, градењето на веб апликација од 0 и одличните парчиња код ми помогнаа да го совладам успешно Laravel. На сите програмери, почетници во овој framework им ја препорачувам токму оваа книга.”

„Мој избор би бил Do More Faster од David Cohen – еден од основачите на Techstars. Книгата ја добив од него лично и кога ја прочитав веднаш се препознав во многу од грешките. Ако имате идеја и сонувате да направите голем бизнис, оваа книга мора да се прочита затоа што нуди уникатна можност да се слушне од прва рака што да се направи, но и она што не треба се направи за да се изгради и скалира вашиот бизнис. Многу бизнис книги премногу теоретски и филозофски пристапуваат кон проблемите на стартапите, но кога станува збор за прагматични совети, како и примери од реалниот свет тогаш дефинитивно оваа книга е мојот избор.”

„Oваа година напорно работев на мојот докторски труд, па најголемиот дел од она што го читав годинава беа научни трудови и публикации. Што се однесува до омилена книга, а која е во склоп со трендовите и која ми помогна да го надградам моето знаење и воедно наученото да го применам во бизнис е “The Gamification Revolution: How Leaders Leverage Game Mechanics to Crush the Competition” од Gabe Zichermann и Joselin Linder (2013). Мојот докторски труд ја обработува гемификацијата како еден нов тренд и моќна алатка со која компаниите може да одговорат соодветно на предизвиците во новиот брз технолошки свет и да креираат конкурентска предност. Верувам во моќта на гемификацијата бидејќи игрите се еден од најсилните бихевиористички мотиватори. Само добро структурирана игра во насока на остварување на бизнис целите може да ги даде посакуваните резултати. Затоа е многу важно компаниите кои сакаат да ја применат и да ги почувствуваат придобивките да ја разберат комплексноста и да креираат соодветна стратегија.”

„Имаше многу BUZZ околу оваа книга минатата година но откако ја прочитав сфатив зошто е таа галама околу книгава. На кратко Nir Eyal кажува зошто стануваме зависни од некој производи, а од други не.  Напишана е на база на истражувања и има многу практични примери. Ја препорачувам на секој кој е претприемач, маркетер и продукт дизајнер.“ кажува Петар Ниновски.

„Книгата дефинира јасна работна рамка која ќе ви помогне да изработите производ кој луѓето сакаат да ги користат преку принципот на создавање на навика. Секако, низ работната рамка која што ја нуди авторот ќе успеете да ги идентификувате карактеристиките на вашиот производ низ следните чекори:

– Идентификување на надворешни/внатрешни активатори, односно која е појдовната акција/интерес/емоција која ќе го мотивира вашиот потенцијален клиент да изврши некаква акција.

– Идентификување на навиките кои сакате да ги создадете;

– Создавање на систем на наградување, односно што добива корисникот за возврат (сатисфакција, напредок, промоција);

– Идентификување на инвестиција, односно што треба да направи корисникот за да се зголемат шансите да се врати назад и да продолжи да ја користи апликацијата.“ вели Марјан Николовски

„Ја избрав затоа што после неговата Lean Startup од која научив доста работи, потребен беше next level, а токму тоа се збори во Leader’s Guide. Како од кога си создал нешто, истото да го пораснеш во сериозна компанија и притоа да го задржиш иновативниот дух и lean пристапот.“

„Оваа книга претставува многу работи како не е битно од каде си и каков си со успехот. Во книгава се збори како другарите му помогнале да успее што е случај и со нас. Најважно е дека бил без било каков приход што е честа состојба особено за стартап. Учејќи од неговата приказна и примери успеавме да искористиме сѐ што е околу нас. Соработката со Миле Паника, успехот на Snapchat, ширењето во други земји беше засновано на работи кои не ги плативме туку користевме креативен начин сѐ што ни се нуди околу нас.“

„Во текот на 2016-та Systems for Enterprise работеше на развој на револуционерен продукт – Optimal Reinsurance. Како што контурите на производот се оформуваа, мене се повеќе ми тежеше фактот што имаме одличен софтвер на повидок, но недостасуваше бизнис модел. Она што особено ми беше тешко да го одредам беше цената по која што ќе се продава. Очигледно дека треба да тргнеме од вредноста која ја создаваме за крајните корисници, но како да одлучиме која е правилната цена? Тогаш решив да се вратам на бихевиоралната економија и за среќа наидов на Вилијам Паундстон и книгата Priceless. По неколку страници сфатив дека сум влегол во одлична прошетка по историјата на науката која што се наоѓа на крстопатот меѓу маркетингот и психологијата. Паундстон испреплетува историја со ненаметливо дополнување со авторските идеи и рефлексии на тоа како откритијата на бихевиоралните економисти се користеле како алатки во продажбата. Не можам да кажам дека Priceless ми даде клуч за сите прашања но секако ми даде клуч за портите на многу нови книжевни прошетки.“

СЕГА СИ ТИ НА РЕД….

Кои беа твоите омилени книги што ги прочита во 2016 година? Би сакал и од тебе да слушнaм. Сподели во коментар!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии