SolutionBit е македонски стартап кој наскоро ќе го претстави своето решение за резервација на место во локалите, Резервирај.мк. Христиан Илиоски, Васко Теохаров, Никола Кусибојовски и Симеон Здравески се ко-основачи на стартапот кој постои нешто повеќе од 4 месеци.

„Резервирај.мк е онлајн платформа за правење на резервации за настани во локали. Клиентите ќе можат на лесен и едноставен начин да ги пронајдат настаните за кои што се заинтересирани; со неколку кликови да ја резервираат масата на која што сакаат да седат во локалот. Едноставно, го наоѓаат настанот, ја одбираат масата на визуелна мапа од локалот и внесуваат лични податоци за резервацијата. Веќе нема да има потреба од барање на менаџери, вртење по телефони и слично. Дополнително, доколку локалот нуди одредени промоции за некој настан ќе можат да одберат истите.“, објаснува тимот на Резервирај.

rezerviraj-mk-masi

Целта е да им се помогне не само на корисниците кои ќе можат да проверат дали има слободно место и да си резервираат, туку и на локалите. Работата на локалите треба да биде поедноставна, со едноставно додавање на можноста за веб-ажурурање. Резервирај е веб-платформа, па сè што ќе им биде потребно на локалите е уред за пристап на интернет. Со ова ќе имаат целосен преглед во бројот на резервирани маси, кој гости на кои маси седат, кои и колку маси се слободни.

„Нема да има ѕвонење по телефони и да паметат кој гостин каде да го сместат“.

Очекувано за да може да се резервира локалите треба да бидат клиенти на платформата. Еден од првите локали каде ќе може да се резервираат маси е „Јавна соба“, а останатите ќе бидат откриени наскоро.

„Веќе има неколку локали коишто сакаат да бидат меѓу првите кои ќе го водат овој тренд на промени и ќе започнат да го користат системот од неговото пуштање. Моментално, не би сакале да ги откриваме кои се, меѓутоа наскоро, пред пуштањето на Резервирај.мк ќе бидат објавени на нашата фејсбук страница“.

Во прво време платформата ќе им биде достапна на локалите во Скопје. Но плановите на амбициозниот тим на Резервирај се проширување и во останатите градови. Во план е правење на мобилна апликација која дополнително ќе го олесни резервирањето на маси. Според најавата апликацијата треба да има повеќе различни функционалности кои ќе го подобрат квалитетот за корисниците, а со тоа и за локалите.

За критика, пофалба, прашање или споделување на идеја тимот на Резервирај.мк може да го контактирата на facebook-страницата.

2 коментари на “Наскоро ќе може да резервирате маса со Резервирај.мк

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии