The Strange Story of Brian Fisher e македонска авантуристичка игра

По исклучително квалитетното, македонско хорор остварување, Wounded, на хоризонтот нѝ се прикрадува уште една мистериозна авантура.

The Strange Story of Brian Fisher ве става во чевлите на детективот Брајан Фишер. По исчезнувањето на неговиот татко, животот на Брајан е прогонуван од само едно прашање: како да се најде човекот од кого има научено сè во животот? Таквото нешто нема да биде лесно. Серија од околности го поплочуваат патот кон вознемирувачко место каде линијата помеѓу разумот и лудилото постојано се поместува, а конците се држат од мистериозен човек од сенките.

Македонското студио, Intetic, ги има поделено патешествијата на Брајан низ седум поглавја. Во првото поглавје, кое би требало да излезе во февруари 2020 година, авантурата започнува со киднапирањето на Брајан и неговото поставување во кабината која, претходно била користена од неговиот татко како тајна работилница. Прогонуван од вознемирувачки сеќавања од детството, Брајан треба да вложи натчовечки напори и да размислува надвор од кутијата, доколку сака да излезе жив од кафезот во кој се наоѓа.

Проверете ја играта на Steam, а следете ги Intetic на Facebook, или Twitter! Во меѓувреме, останете и со it.mk додека заедно се трудиме да откриеме повеќе детали за играта!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии