Србија ги повлече субвенциите за Endava по реакциите на ИТ заедницата

Mинистерството за државна управа и локална самоуправа на Србија соопшти дека по состаноци со претставници на локалната ИТ заедница, донесена е одлука субвенцијата од 1,6 милиони евра за вработување во ИТ секторот доделена на британската компанија Endava да биде повлечена од буџетот предвиден за 2017-та година. Веста ја пренесе StartIt.rs.

Пред повеќе од два месеци, српската ИТ заедница дигна врева и организираше и петиција против субвенцијата доделена на странска ИТ компанија за вработување во и така веќе конкурентниот сектор, со што практично би се создало нелојална конкуренција на локалните ИТ компании, иронично, платена со нивните даночни пари. Петицијата ja потпишаa повеќе од 3.500 луѓе.

PrintScreen Courtesy of StartIt.rs

Откако ИТ заедницата испрати службен допис до Владата на Србија со барање за промена на законот за доделување на субвенции, владините претставници првично го игнорираа барањето и останаа на ставот со буџетот за 2017-та да доделат покрај домашните компании, и субвенција на претставништвото на британската ИТ компанија Endava во Белград. Но само пред неколку дена, српскиот премиер за време на седница најави дека субвенцијата за Endava ќе биде повлечена, а денеска информацијата ја потврди и министерката Брнабиќ.

Endava во Македонија

За потсетување, британската компанија Endava е присутна со свои канцеларии во Македонија од 2014-та година, а за време на пишување на претходниот текст иако го поставивме прашањето дали Endava има добиено субвенции или некаков вид на бенефити од Владата на РМ, не добивме конкретен одговор туку само потврда од компанијата дека се грижи и придонесува кон развојот на локалната ИТ сцена и дека нивниот тим веќе брои 150 вработени.

Но, по објава на текстот, неколку корисници на Twitter и на Facebook ни посочија јавно достапни документи објавени на сајтот на Комисијата за заштита на конкуренцијата во Македонија.

Дел од линковите кои ни беа испратени од читателите се:

  • Уредба за условите и постапката за доделување на регионална помош, како и
  • Решение 10-187 од 15.12.2014 во кое стои дека Владата на РМ би реализирала мерка доделување на планирана регионална помош на Ендава ДООЕЛ Скопје со давање на грант во вкупен износ од XXXXX во денарска противредност, помош наменета за креирање на XXX работни места. Како и сумата, во ова решение, не е објавен јавно бројот на работни места на кои Endava треба да вработи граѓани на Македонија. Во решението се истакнува и мислењето на Комисијата, кое гласи:

Од објавените документи може само да се претпостави дека Endava има добиенo помош или имало идеја да се додели помош за поттикнување на вработување во ИТ секторот и од Владата на РМ, но официјална потврда на оваа информација и дали помошта е реализирана, засега нема или барем ние не можевме да најдеме. Дополнително е испратено и барање за коментар на овој текст до претставништвото на Endava во Македонија.

2 коментари на “Србија ги повлече субвенциите за Endava по реакциите на ИТ заедницата

  1. Чл. 8(2)(а) од Законот за контрола на државната помош сугерира дека државна помош за (компанија како) Еднава не би требало да биде дозволена:

    Доделувањето на државната помош може да се дозволи ако се работи за:
    а) регионална помош за унапредување на економскиот развој на подрачја во Република Македонија во кои животниот стандард е исклучително низок или каде што постои голема невработеност;

    Скопје не е регион со исклучително низок стандард ниту има голема невработеност споредено со другите региони во МКД. Дополнително, во дејноста во која работи Ендава, невработеност речиси и да нема.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии