Слушајте класични аудио книги со LibriVox

Оние кои не се по бесплатно читање книги, би можеле да слушаат некоја од стотиците бесплатни аудио книги кои можат да се најдат на LibriVox.

Овој веб сајт ви дозволува бесплатно да преземете бројни, класични наслови на кои им се истечени авторските права. Ова е одлична алтернатива за сите оние кои сакаат пишаниот збор да им е преточен во аудиo форма и да преслушуваат книги додека работат нешто друго.

Поголемиот број од книгите се со одличен квалитет, но треба да земете во предвид дека финалниот продукт е резултат заснован на доброволни придонеси. Па така, пократките книги се читани од едно лице, но подолгите се читани од многу повеќе доброволци. Обично првото поглавје е прочитано од еден доброволец, второто од друг, и така натаму.

LibriVox се заснова на ваква помош и, доколку сакате, можете да се пријавите вие да бидете наративниот глас зад одредени книги или пак да преслушувате други наративни доприноси пред да биде објавен финалниот продукт. Заедницата прима со отворени раце и е повеќе од спремна да ви помогне полесно да се вклопите во само-наметнатите задолжувања.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии