Како бесплатно да читате книги?

Оние кои сакаат да читаат електронски книги имаат одлични можности да се впуштат во илјадници авантури и да запливаат во пишаните редови без да потрошат денар. 

За таквото нешто потребен ви е телефон, таблет, или компјутер, како и некој од следниве два веб сајтови: Project Gutenberg и Open Library.

Project Gutenberg ви дозволува да читате некоја од скоро 60 000 книги. Ова е огромна библиотека која ви дава пристап до книги на кои им се истечени авторските права и се достапни до јавноста без какви било ограничувања. Во Project Gutenberg не можете да ги најдете најновите бестселери, но доколку сте љубител на класичните наслови, тогаш ве очекува исклучително пријатно изненадување.

Open Library е веб сајт кој ќе ви се најде доколку сакате да читате бестселери и книги кои сѐ уште се со авторски права. Без проблем можете да прочитате некоја книга на Том Кленси, или Стивен Кинг, но мора да земете во предвид неколку работи. Првин, книгите само се позајмуваат. На сличен систем како кај библиотеки, една книга можете да ја позајмите на две недели. По истекот на времето, книгата станува достапна за изнајмување од некој друг. Во случај да прочитате некоја книга за побрзо време од предвидените две недели, можете инстантно да ја вратите и да си позајмите некоја друга. Интересно е тоа што може да налетате на книга која навистина ја сакате, но веќе е изнајмена од некој друг. Во такви ситуации можете да се ставите на листа за чекање и да бидете известени кога ќе дојде вашиот ред за книгата.

Пријатно читање!

1 коментар на “Како бесплатно да читате книги?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии