Сите ИТ странски инвестиции во Македонија, благодарение на БИРН

Текстот е надополнет на 24 јануари во 17.14 часот со демант на Cosmic Development.


Странски инвестиции под лупа“ е база на податоци која содржи детални информации за најавените странски инвестиции во Македонија. Истражувањето е изработено од локалниот тим на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), кои исто така се и зад медиумот Prizma.mk.

Базата нуди информации за 138 инвестиции кои биле најавени или промовирани од страна на Владата во периодот од 2007 до 2016 година, прикажувајќи ги информациите како бројот на најавени инвестиции, остварени и најавени вработувања и можност за сегментирање на информациите по категории.

Интересен податок e дека ИКТ индустријата, иако е најконкурентната индустрија во земјава и регионот, е на второ место на застапеност на најавените странски инвестиции:

Извор: БИРН – investicii.prizma.mk

Регионално, охрабрувањето на ваквите странски инвестиции со државна помош покрена иницијативи па дури и повлекување на ветувањата дадени од страна на Владата на Србија спрема британската Ендава. Повеќе на таа тема на следниов линк.

Анализирајќи ја базата за ИКТ индустријата, се добиваат бројките на 15 најавени инвестиции во овој сектор од кои 10 се реализирани, 3 се во тек и 2 не се реализирани.

Извор: БИРН – investicii.prizma.mk

Досега, според податоците објавени во датабазата, од најавените 1.891 вработувања од странските инвестиции во ИКТ секторот, остварени се само 560, што не е воопшто мала бројка ако се земе предвид недостатокот на квалификувана работна сила во информатичката индустрија во Македонија, одливот на професионалците, фриленс работањето како и големиот број домашни и странски компании кои се присутни на пазарот а не се најавени како странски инвестиции. А да не ги заборавиме и е-печалбарите.

Компаниите кои во периодот  од 2007 до 2016 година биле најавени како странски инвестиции во ИКТ секторот и се присутни во датабазата на БИРН „Странски инвестиции под лупа“ се:

Според информациите на БИРН, ситуацијата со досегашните инвестиции на овие компании е:

Извор: БИРН – investicii.prizma.mk

Досега, странските инвестиции во ИТ секторот, покрај остварените 560 вработувања во Македонија имаат инвестирано и 1.07 милиони евра, а според иницијалните ветувања, во следните години би требало да инвестираат дополнителни 40.49 милиони евра.

Извор: БИРН – investicii.prizma.mk

Повеќето од овие компании како своја основна дејност го имаат дефинирано компјутерското програмирање, убедливо најкомпететивниот сегмент во ИТ индустријата во последните неколку години…

  • Musala Soft  / Компјутерско програмирање
  • Allocate Software / Компјутерско програмирање
  • 6pm  / Компјутерско програмирање
  • Sofika Group  / [недефинирано во базата на БИРН]
  • Endava / Компјутерско програмирање
  • Barracuda FX  / [недефинирано во базата на БИРН]
  • Transactor Global Solutions Limitеd  / [недефинирано во базата на БИРН]
  • Euro BPO / [недефинирано во базата на БИРН]
  • Rumble  / Продукција и лиценцирање на видео записи
  • DF Labs  / Компјутерско програмирање
  • Cosmic Development  / Интернет портали
  • Symphony Solutions / Компјутерско програмирање
  • Nebb/ Компјутерско програмирање
  • Siemens International  / Изградба на електрични водови и телекомуникациски линии
  • Startek / Дејности на повикувачки центри

Извор: БИРН – investicii.prizma.mk

А доколку се анализираат остварените 560 вработувања по компанија, бројките се следни:

  • Musala Soft  / 71 вработени од најавени 300
  • Allocate Software / 66 вработени од најавени 55
  • 6pm  / 28 вработени од најавени 50
  • Sofika Group  / 36 вработени од најавени 100
  • Endava / 150 вработени од најавени 400
  • Barracuda FX  / 7 вработени од најавени 90
  • Transactor Global Solutions Limitеd  / [недефинирано во базата на БИРН]
  • Euro BPO / 60 вработени од најавени 350
  • Rumble  / 15 вработени од најавени 50
  • DF Labs  / 9 вработени од најавени 50
  • Cosmic Development  / 80 вработени од најавени 120
  • Symphony Solutions / 32 вработени од најавени 200
  • Nebb/ 6 вработени од најавени 6
  • Siemens International  / 0 вработени од најавени 20
  • Startek / [недефинирано во базата на БИРН]

Од споделените информации во базата, државна помош е најавена за следниве странски ИТ компании:


За повеќе информации, посетете го сајтот investicii.prizma.mk.

1 коментар на “Сите ИТ странски инвестиции во Македонија, благодарение на БИРН

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии