Демант од страна на Cosmic Development на текстот „Сите ИТ странски инвестиции во Македонија, благодарение на БИРН“

Во продолжение го објавуваме во целост демантот кој пристигна до нашата редакција, од страна на компанијата Cosmic Development, како реакција на текстот „Сите ИТ странски инвестиции во Македонија, благодарение на БИРН“. Демантот во продолжение е објавен во целост. 


[демант на Cosmic Development]

Со овој допис би сакале да демантираме дел од информациите објавени на вашиот портал, во текстот со наслов „Сите ИТ странски инвестиции во Македонија, благодарение на БИРН“.

Имено, во текстот достапен на вашата веб страница во последниот пасус стои дека за нашата компанија “Космик девелопмент” е најавена државна помош. Би сакале да Ве информираме дека нашата компанија , досега не примила државна помош во ниту една форма, ниту пак е корисник на било какви субвенции за компаниите кои се сметаат за странски инвестиции, ниту пак ваква помош е најавена се до сега.

Би сакале да ве информираме дека компанијата е основана на почетокот на 2011 година, директно од сопствениците Крис Павловски и Рајан Милнес, без никаква помош и бенефиции од државата. Од тогаш до денес, компанијата нема примена помош од државата, ниту пак користела било каква бенефиција.

Во однос на информациите кои се наведени на вашата страница, би Ве замолиле за нивна корекција и објавување на овој демант.

Однапред ви благодариме на разбирањето и соработката.

Ви стоиме на располагање за дополнителни информации.

Со почит,

Виктор Митревски
Управител
Космик Девелопмент ДОО

[/крај на демант]


IT.mk го објави демантот во целост, а истиот го испрати и до редакцијата на БИРН,  кои на сајтот investicii.prizma.mk го имаа посочено Cosmic Development како субјект за кој е најавена државна помош. Информацијата е корегирана во нашиот текст .

1 коментар на “Демант од страна на Cosmic Development на текстот „Сите ИТ странски инвестиции во Македонија, благодарение на БИРН“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии