Конференцијата на ЕА можеби не беше премногу бомбастична, но денот по неа, Microsoft ја крена гејмерската популација на нозе, првин со најавата за нивната моќна конзола, Xbox One X, а потоа и со бројните наслови кои никако не се осмелија да остават некого рамнодушен.

Целата Microsoft E3 конференција!

Forza Motorsport 7 доаѓа и на PC, но како Windows 10 ексклузива и најверојатно само преку интегрираната продавница Microsoft Store. Новиот динамичен систем за време допринесува до интересни гејмплеј механики, како создавање сè поголеми вирчиња вода кога врне и таквиот ефект при возењето. Играта ќе има над 700 автомобили, што е повеќе од импресивно и ќе може да ги задоволи и најприбирливите тркачи.

Metro Exodus е најновата игра на 4А. Овој шутер, инспириран од претходните две игри и книгите на писателот Димитри Глуковски, ќе биде Xbox и PC ексклузива и ако нешто можевме да заклучиме од трејлерот тоа е дека играта не само што е преубава, туку и ги задржува препознатливите survival елементи.

Assassin’s Creed: Origins, по бројните гласини кои се провлекуваа низ годинава, никого не изненади кога се најави на конференцијата. Она од што сите се изненадија, меѓутоа, беше преубавиот гејмплеј приказ кој на крајно флуиден и уникатен начин ги прикажува новите механики во древниот Египет. Origins проповеда за раѓањето на атентаторското друштво, а бројните RPG елементи се пријатно надополнување во и онака комплексниот отворен свет.

Првиот гејмплеј трејлер на Е3

Кратка мисија за успешниот атентат врз лажниот пророк

Видео за развојот на Assassin’s Creed: Origins

Anthem е најновата акциона авантура на Bioware чиј краток трејлер беше прикажан на ЕА конференцијата. За време на Microsoft конференцијата беше откриен и гејмплеј кој многумина ги потсетува на играта Destiny, но на начин карактеристичен само за Bioware. Играта ве става во улога на хонорарец (Freelancer) кој има за задача да истражува непознати планети и да го штити преостанатиот човечки род со моќни ексо скелети.

Dragon Ball FighterZ е најновата борбена игра од Bandai Namco и Arc System Works и е сместена во Dragon Ball Z универзумот. Со изглед кој потсетува на Guilty Gear игрите, FighterZ е класична борбена игра во две димензии, но со тројца-против-тројца играчи.

Sea of Thieves нè израдува со гејмплеј трејлер во кој видовме на кој начин функционира ловењето, битките, но и уникатно преминување далечини директно од комфорот на вашите топови. Играта се очекува во почетокот на 2018 година.

Minecraft ќе добие 4К графичка надградба, целосна поддршка за играње низ платформите, независно дали е конзола, мобилен или PC, како и место преку кое играчите можат да си купуваат и продаваат нивни креации.

Middle-Earth: Shadow of Mordor ја искористи шансата за да прикаже уште еден гејмплеј приказ каде јасно се види како можете да регрутирате сојузници и да ги користите за вашата војна против мрачниот лорд. Играта излегува на 10.октомври.

Code Vein е уште една игра со која се пофали Bandai Namco и, според виденото, многумина не можат, а да не ја етикетираат како аниме верзија на Dark Souls играта. Оваа ко-оп акциона RPG игра е сместена во пост-апокалиптична дистопиа каде играте како вампир со натприродни моќи. Играта излегува за PS4, XB1 и PC во 2018 година.

State of Decay 2 крволочно напаѓа на пролет 2018 година и тоа како Xbox One и Windows 10 ексклузива со три огромни мапи и бројни надополнувања во гејмплејот. Прикажаното видео на Е3, меѓутоа, е далеку од совршено и студиото допрва има работа доколку сака нивната игра значително да се истакне од морето зомби игри, како и да ја оправда славата од првата игра.

Во Crackdown 3 гостува Тери Круз и сите кои се желни за експлозија и целосно уништување на околината ќе има што да прават од 7.ноември. Е3 трејлерот прикажа сè само не деструктивноста на околината, но таквото нешто и понатаму се очекува да игра огромна улога во финалната верзија.

Life is Strange: Before the Storm ќе се одликува со три епизоди сместени пред главното дејство од оригиналната Life is Strange. Низ трите епизоди, од кои првата излегува во август, ќе можеме да играме со Клои, а и лично да се запознаеме со Рејчел Амбер, моменти пред настапувањето на добро-познатата трагедија.

Ori And the Will of the Wisps е продолжеток на симпатичната Ori and the Blind Forest, а емоционалниот трејлер кој беше прикажан на Е3 уште еднаш покажа зошто е оваа игра неодолива за гејмерите, од морбидните, но преубави светови, преку големите пајаци и огнови, па сè до временските елементи како дожд или молњи.

Tacoma е најновата игра од инди студиото познато по Gone Home играта. Вашата цел е да откриете клучни податоци на напуштен брод, но таквото нешто е невозможно без да ја откриете сета драма од последните денови на екипажот.

За време на конференцијата, Microsoft прикажа и бројни други игри со кои ќе можете да уживате преку новата конзола. Нивните имиња се:

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии