Xbox One X е новата конзола од Microsoft

Image courtesy of Gamespot / Live Stream

Започна Е3, а Microsoft ја претстави својата нова конзола. Конзолата досега беше позната како Scropio, а името под кое ќе се продава е Xbox One X. One X излегува во продажба на 7 ноември насекаде.

Ова е првата конзола која доаѓа со 4K поддршка. Конзолата доаѓа со специјално изработен процесор, кој според Microsoft е најмоќен процесор дизајниран за конзола. Дополнително, процесорот доаѓа со течно ладење кое досега се користeше за десктоп и за сервери.

Новата конзола доаѓа со 6 терафлопи графички процесор, 1.5 пати помоќен од PlayStation 4. Microsoft за конзолата креираше сопствен процесор по кој конзолата го доби работното име Scorpio. Процесорот работи на 1172MHz, повеќе до 853MHz на Xbox One и 911MHz во the PS4 Pro.

Она што е најдобрата вест е дека сите игри кои се достапни во моментов ќе работат на Xbox One X.

Секако, иако поддршката за старите игри е добредојдена, сепак главна вест се новите игри. Forza Racing  првата игра која Microsoft ја претстави за конзолата. Новата Forza Racing излегува на почетокот на октомври.

Повеќе податоци за конзолата и за игрите во следните денови на Е3.

1 коментар на “Xbox One X е новата конзола од Microsoft

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии