Искрено се надеваме дека успеавте да прочитате некоја од нашите омилени книги базирани на игри. Но, во случај да барате нешто ново за читање, март ќе донесе исклучително квалитетни книги, целосно потопени во возбудливи научно-фантастични или фантазиски заплети.

Children of Blood and Bone, Тони Адијеми – „живописни ликови, напнат заплет и стил кој ветува силна приказна“ (Kirkus Reviews)  – 6.март

Children of Blood and Bone е прва книга во трилогијата која преповеда за ефикасно сотрување на употребата на магијата преку свирепи и јавни убиства на сите оние кои ќе се осмелат да му се спротивстават на кралот Саран. Во бранот убиства се има најдено и мајката на Зили, но наместо да наведне глава и да ја премолчи неправдата, неуморната девојка зазема чекори за враќање на златните денови на магијата и целосно искоренување на тоталитарскиот режим.

Ова е првата книга на Тони Адијеми. Писателката има дипломирано од Харвард и е огромен познавател на западно-африканската митологија и култура. Се работи и на филм базиран на книгата!

Blood of the Four, Кристофер Голден и Тим Лебон – „Има за секого по нешто, суптилни феминистички теми, спектакуларни прикази на надреални конфликти“ (Publishers Weekly) – 6.март

Најновото чедо на Кристофер Голден и Тим Лебон се истакнува како едно од најочекуваните епски фантазии каде деликатноста на ригорозното владеење на боговите доаѓа до точка на пукање, а луѓето, водени од нивните ограничени амбиции, се втурнуваат во потрага по забрането знаење и започнуваат серија од настани кои ја загрозуваат благосостојбата на целото кралство.

И двајцата автори се исклучително познати и можат да се пофалат со бројни бестселери. Кристофер Голден има соработувано и со Мајк Мигнола и тоа во изработката на стиповите Baltimore и Joe Golem: Occult Detective. Тим Лебон, од друга страна, е најдобро познат по бројни хорор книги, како и бројни новели засновани на филмови, неисклучувајќи ги титаните како Days of Night, Alien: Out of the Shadows, Star Wars: Dawn of the Jedi – Into the Void.

Zero Limit, Џереми К. Браун – „Смешна, мрачна, технички поткована.“ (Publisher Weekly) – 6.март

Многу работи можат да појдат наопаку. Особено доколку сте вовлечени во неблагодарна работа на Месечината и од петни жили се трудите да се вратите на планетата Земја за да конечно успеете да си ја гушнете ќерка ви. Времето поминува, а Кејтлин никако да успее во нејзината намера, барем додека не се појави можност да се одведе тим на астероид. Тука, Кејтлин не само што ќе мора да го спаси нејзиниот живот, туку и животот на целата планета Земја.

Џереми К. Браун има работено на неколку биографии за млади читатели, неисклучувајќи ја познатата Урсула К. Ле Гвин. Покрај пишување за бројни видни списанија и новини, Џереми целосно се посветува на писателската дејност од 2011 година, кога и излегува неговата прва книга, Calling Off Christmas.

Impostor Syndrome, Мишел Бејкер – „Запрепастувачка бура од емоции“ (Publishers Weekly) – 13.март

Како трета книга од Arcadia Project, Impostor Syndrome ветува флуидно надоврзување на настаните од претходните книги и нови авантури со деликатната Мили – невообичаен посредник помеѓу Hollywood и Fairyland. Да, ова е една од оние книги каде постојат најразлични светови, а духовите на вашите претходни партнери се враќаат назад. Кога некој друг би пробал да реализира ваква идеја, најверојатно би превртеле со очите и преминале на некој друг наслов, но Мишел се одликува со маестрално познавање на писателските вештини и го вовлекува читателот во исклучително веродостоен свет од кој најверојатно нема да сакате лесно да се повлечете.

Пробајте да побарате нешто повеќе за Мишел и ќе останете со релативно празни раце. Писателката, се чини, сака да си се држи за себе и она што обично открива е дека е мајка, огромен љубител на јазикот и чувар на слободата. Нејзините бројни кратки приказни се имаат појавено во Beneath Ceaseless Skies, Daily Science Fiction, Redstone Science Fiction и Electric Velocipede.

Stone Mad, Елизабет Бер „силна историска ре имагинација, деталност на ликовите, експлозија од изненадувања“ (Locus) – 20.март

Шансите да сте љубител на steampunk книги и да не сте слушнале за Елизабет Бер се исклучително мали. Во 2015 година, талентираната писателка го запали светот со нејзината револуционерна авантура Karen Memory, а месецов напаѓа со долго-очекуваниот продолжеток каде Керн и нејзината пријателка Прија конечно можат да се опуштат на нивниот штотуку купен ранџ. Или барем така тие мислеа.

Елизабет Бер има добиено две Hugo Awards за нејзините кратки приказни, како и Locus Award за нејзината прва книга. Сепак, најдобро позната е по Eternal Sky серијалот, како и the Edda of Burdens серијалот. Заедно со Сара Монет го имаат осмислено и серијалот Iskryne. Почнете со било што од ова, нема да погрешите.

The Tea Master and the Detective, Алиет де Бодард  – „Приказна која го извлекува најдоброто од двата света, и научна фантастика и мистерија, комплексно истражување на гордост, вина и милостиња.“  (Publishers Weekly)  – 31.март

Алиет се враќа со нова вселенска опера и се фокусира на животите на луѓето во вселенскиот транспортен брод The Shadow’s Child. Она што тука ќе најдат читателите се ексентрични ликови кои не сакаат ништо повеќе од спокојно произведување наркотици и нивно профитабилно продавање на црниот пазар. Лонг Џау, меѓутоа, сака нешто повеќе – леш за проучување. Но, откако ќе се открие дека добиениот леш е всушност убиен, Лонг Џау започнува неуморна истрага која ќе ги принуди членовите на бродот да започнат со истражување на најдлабоките понори на нивната психа.

Алиет Де Бодард е исклучително млада писателка која собра легија фанови со нејзиниот серијал Obsidian and Blood и Servant of the Underworld.

Барате уште, подеднакво возбудливи sci-fi/ fantasy книги кои ќе излезат месецов?

Star Wars: The Last Jedi, Џејсон Фрај, 6.март

The Warrior Within, Ангус Микнчур, 6.март

Daughters of the Storm, Ким Вилкинс, 6.март

Guardian Angels and Other Monsters, Даниел Вилсон, 6.март

Gods, Monsters, and the Lucky Peach, Кели Робсон, 13.март

The Feed, Ник Виндо, 13.март

If Tomorrow Comes, Ненси Крес, 20.март

The Queens of Innis Lear – Теса Гратон, 27.март

Flotsam – Р.Г. Тиодор

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии