SC Ventures ќе инвестира 500.000 фунти во македонско-британскиот InPlayer

Македонско-британската компанија InPlayer, која работи од Скопје веќе неколку години на своја платформа за монетизација на дигитални содржини, ќе добие инвестиција во износ од 500.000 фунти од фондот South Central Ventures.

InPlayer е стационирана во Скопје, каде што е и нејзиниот менаџмент тим составен од извршниот директор Џорџ Мик, оперативниот директор Ненад Чубриновски како и директорот за технологија Филип Димчевски, додека пак управниот одбор на компанијата е во Лондон.

Со тим од 35 вработени, компанијата раководи со платформа која помага во дистрибуција и монетизација на дигитални содржини. Корисници на платформата се компании како FilmBox, Massive Interactive, Pageant Media, Livestream, Ooyala, и JW Player.

Според официјалното соопштение на SC Ventures, InPlayer има над 1 милион активни претплатници на својата платформа, а во моментот активно работат со IMG и SportsRadar на развој на Video On Demand (VOD) решение за FilmBox.

Со оваа инвестиција се очекува до крајот на 2017, InPlayer да брои 50 вработени, а до крајот на 2018 дополнителни 50 вработувања. [Листа на отворени позиции во InPlayer]

Image Courtesy of SC Ventures

“InPlayer е воодушевен што ќе работи со SCV. Во моментов имаме тим од 35 вработени и очекуваме тоа двојно да се зголеми во текот на следните 12 месеци. SCV ќе овозможи InPlayer да го продолжи својот раст ширум светот. Македонија е клучна за иднината на нашиот бизнис и имаме среќа да ги привлечеме одличните таленти кои живеат тука”, вели Џорџ Мик, извршен директор на InPlayer.

Оваа инвестиција на SC Ventures е трета на територијата на Македонија, откако компанијата претходно инвестираше 100.000 US долари во Letz, и 500.000 US долари во уште еден македонско-британски стартап Cognism. Во своето портфолио SC Ventures има 9 компании.

2 коментари на “SC Ventures ќе инвестира 500.000 фунти во македонско-британскиот InPlayer

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии