SCV инвестира 500.000 американски долари во Cognism, македонско-британски стартап

South Central Ventures ја започнува годината со инвестиција во Cognism. Станува збор за британско-македонски стартап кој ветува дека ќе ја олесни онлајн продажбата. South Central Ventures е само еден од инвеститорите. Заедно со нив ќе инвестираат Netcetera, Tsingbay Venture Capital, како и инвеститорите Том Џејмс и Џејмс Ходсон. Cognism има канцеларии во Скопје и Лондон.

Стартапот најавува дека средствата ќе бидат инвестирани во понатамошен развој на технологијата. Решението овозможува организација на продажбата, преку искористување на софтверот. Следната фаза на развој ќе овозможи поефикасен начин на запознавање на корисниците и купувачите.

Cognism ќе овозможи подобра организација при купувањето и поголема приватност на купувачите. Компанијата со помош на вештачка интелигенција работи на обработка на податоците од потенцијалните купувачи, ги прочистува овие податоци и ги збогатува. Ова овозможува поголема продажба и подобро прилагодување на тимовите за продажба.

„Финансирањето беше огромен чекор за нас. Во месеците кои следат ќе работиме на продуктот за креирање на поедноставно искуство на корисниците, проширување на нашите можности за собирање на податоци, нивно разбирање и обработка. Преку стратешки партнерства работиме на прибирање на повеќе податоци и ќе може да го претставиме Cognism на повеќе продажни и маркетинг тимови.“, вели директорот на Cognism, Џејмс Исилај.

1 коментар на “SCV инвестира 500.000 американски долари во Cognism, македонско-британски стартап

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии