Samsung го претстави Note 9

Image courtesy of Samsung

Речиси и да немаше никаква потреба од официјалното претставување на новиот Galaxy Note 9. Баш сè, од сликите, до податоците, кои протекоа претходно се покажаа како точни.

Секоја чест на Galaxy S, но Note отсекогаш бил најдобриот телефон на Samsung. Тоа секако ќе биде случај и овојпат. Новиот уред доаѓа со најголем екран досега, батерија со поголем капацитет и електронско пенкало со кое може да се заврши повеќе работа.

Барем до септември или октомври кога Google ќе го претстави новиот Pixel 3, Note 9 ќе биде Android телефонот со најдобар хардвер. Што се однесува до хардверот, на Note 9 може да му позавидат и некои лаптопи. Основниот модел доаѓа со 6GB RAM и 128 GB флеш диск, за цена од 1000 долари.  Најдобриот модел чини 1250 долари и доаѓа со 8 GB RAM и 512 GB диск. Ако ова не е доволно со microSD картичка меморијата може да се прошири до 1 TB, на телефон! Како и Galaxy S9 и овој доаѓа со Snapdragon 845 или Samsung Exynos, но Samsung направи прилагодување на графичкиот процесор.

Најголема надградба се чини дека овојпат е направена на S-Pen. Пенкалото сега е значително пофункционално. Доаѓа со Bluetooth и може да користи и за контролирање како далечински управувач. Девелоперите може да си програмираат сопствена примена за S-Pen, сепак веројатно е дека овие апликации ќе дојдат од Samsung.

Фокус е направен и на зголемување на  продуктивноста. И токму тука добро ќе дојдат лудите хардверски спецификации. Note 9 доаѓа со интегриран DeX, поточно не е потребно да се користи док за да го претворите телефонот во компјутер. Ако подзаборавивте DeX беше дополнителен елемент кој овозможуваше поврзување на телефонот со монитор, тастатура и ако не во лаптоп, го претвораше барем во високо функционален таблет, поточно Chromebook.

Надградба е направена и на камерата, но тука е малку посуптилна (не многу). Клучна не е надградбата на хардверот, туку на софтверот. Така сега уредот доаѓа со вештачка интелигенција со камерата. Па телефонот препознава што фотографирате и автоматски ги прилагодува потребните параметри.

Претпродажбата е веќе започната, а телефонот официјално ќе започне со продажба на 24 август.

1 коментар на “Samsung го претстави Note 9

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии