САД и Велика Британија обвинуваат, Северна Кореја демантира: Не сме одговорни за WannaCry

Северна Кореја демантира дека има било каква вмешаност во WannaCry нападите. Одговорот од властите доаѓа преку портпаролот на Пјонгјанг. Ова е одговор на тврдењето на САД, кои за првпат во вторникот ја обвинија Северна Кореја.

Она што е интересно е дека ова е еден од ретките коментари на оваа тема кој доаѓа од Северна Кореја. Ова е прв пат претставник на Северна Кореја да излезе со официјален став за ова прашање, иако обвинувања има уште од мај.

„Како што јасно кажаваме во неколку прилики, немаме ништо со сајбер напади, и не чувствуваме дека треба да одговараме на обвинувањата. Ова се апсурдни обвинувања од САД“, вели претставникот на KCNA.

WannaCry нападите беа една од опасностите кои заедно со уште неколку настани ќе ја одбележат 2017 година. Ова беше прв случај ransomware да се користи за масовни напади, и голем број на компании и институции беа погодени. За среќа, пропустите во кодот направија ширењето на WannaCry сепак да остане ограничено.

Дали САД и Велика Британија се во сајбер офанзива против Северна Кореја?

Истовремено се појавуваат вести дека САД и Велика Британија, поточно сајбер гранките на нивните војски се во офанзива против Северна Кореја.

Еден од показателите за ова доаѓа од најголемата друштвена мрежа, Facebook. Според претставникот на Facebook, друштвената мрежа веќе избришала неколку профили поврзани со Lazarus Group. Оваа група често се поврзува како сајбер оддел на Северна Кореја.

„Нашата проценка е дека напаѓачи од Северна Кореја позанти како Lazarus Group се најверојатно одговорни за WannaCry нападите од мај“, вели претставникот на британската разузнувачка агенција, NCSC, за Guardian.

Lazarus Group се посочува и како главен виновник за повеќе други напади. Еден од нападите по кој се најпознати, е нападот врз Sony Pictures Entertainment во 2014 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии