САД и Велика Британија ја обвинија Кина за продолжени сајбер напади

САД и Велика Британија за прв пат отворено ја обвинија Кина за постојани сајбер напади. На крајот на минатата недела претставници на САД и Британија заеднички и речиси истовремено ја обвинија Кина за напади во 45 различни компании и институции, пренесе Guardian.

„Целта на Кина е да ги замени САД како водечка светска суперсила,  и за оваа цел користат и илегални методи“, вели Кристофер Вреј, директор на Федералното истражно биро.

Кинески хакери под владина заштита крадат интелектуална сопственост од приватниот сектор. Претставник на Британија го нарекува ова најсериозен, постојан и најраспространет упад досега.

Речиси веднаш стаса и реакцијата од Кина. Претставникот веднаш ги отфрли овие обвинувања и побара да се повлечат.

„Ги повикуваме САД веднаш да ги поправат своите акции и да престанат со клевети во врска со безбедноста на интернет“.

Односите помеѓу САД и Кина се заладени како последица на трговските санкции. Обвинувањата за сајбер напади  не се нови иако за прв пат се волку јасно искажани. Дополнителен проблем веројатно ќе биде решавањето на барањето за екстрадиција на Менг Ванжу, директорката на Huawei.

На министерскиот брифинг на 24 декември, портпаролот на Кинеската влада ги обвини Канадските власти за арбитрарен притвор на директорката. Портпаролката ги обвини и властите во САД, Британија и Европската Унија за отворената поддршка во овој спор.

„Очигледно е дека кога човековите права се во прашање имаат различен стандард кога се зборува за граѓани од различни држави“, пренесе South China Morning Post.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии