Во Канада е уапсена финансиската директорка на Huawei и очекува екстрадиција во САД. Причина за апсењето е обвинение за кршење на санкциите кон Иран, засега ова е без потврда. Менг Ванжу е уапсена во Ванкувер на 1 декември и ја чека одлуката за испраќање во САД. Менг Ванжу е ќерка на основачот на Huawei.
Во САД владее мислење дека Huawei е под силно влијание на кинеските власти. Поради ова повеќе држави одбиваат да го прифатат учеството на Huawei на тендерите за 5G мрежа. Кога инфраструктурата, а и телефоните се во прашање Huawei е еден од најголемите производители на опрема.
„САД бара екстрадиција. Сослушувањето е закажано за петок. Бидејќи има забрана за објавување на податоци во јавност, не може да ви дадеме повеќе детали. Забраната ја побара г-ѓа Менг“, пренесе TheGlobeandMail.
Обвинителите во САД истражуваат дали Huawei ги нарушиле санкциите кон Иран, но официјално нема потврда на оваа информација. Каква е улогата на г-ѓа Менг во нарушувањето на санкциите, а и дали има воопшто некаква улога засега е нејасно.
Реакцијата на амбасадата дојде набргу. Кина поднесе протест и побара ослободување на г-ѓа Менг, додавајќи дека станува збор за нарушување на нејзините права. Речиси истовремено четири високи претставници на Кина ја откажаа посетата на Министерството за надворешни работи на Канада.
3 коментари на “Во Канада уапсена финансиската директорка на Huawei”