Google се договори со Кенија и за прв пат некоја држава ќe започне да користи интернет од балони. Секако станува збор за Project Loon, балоните на Google кои се користат како интернет антени.
Компанијата се договори со Кенија Телеком и од 2019 би требало да започнат со поврзување на корисниците со интернет преку балон. Project Loon е еден од проектите на Google X кој ја доживеа својата реализација.
Засега е непознато колку ќе заработи Google од првата поставување, но секако и самата прва реализација е импресивен потфат. Претходно Google ги тестираше балоните во Перу и во Порторико. Овие држави тогаш беа погодени од природни катастрофи и имаше потреба од поврзување.
Балоните ќе летаат на висина од 20 километри и секој од нив може да покрие површина од 5 000 km2. Сигналот до балоните ќе доаѓа од земјата секако, а потоа балонот ќе го реемитува на поголема површина.
Со оглед на тоа дека најголемиот дел од Кенија е рурален, сосем одговора на идеите на Google кога започна да го развива проектот.







