Project Loon поврзува илјади поплавени Перуанци

Дејан Соколоски

во Свет

Една од идеите за поврзување на сите луѓе на интернет, Project Loon три месеци поврзува илјадници Перуанци кои се погодени од поплави. Loon е дело на Google, а компанијата на овој подвиг соработуваше со Telefonica.

Проектот на Google, кој овозможува пренос преку огромни балони, веќе подолг период е на тестови во Перу. Во јануари земјата ја погодија поплави, а оваа незгода ги овозможи најобемните тестови. Балони на Google полетаа од базата во Порторико и се упатија кон најлошо погодените градови. Благодарение на балоните Лима, Чимботе и Пиура не останаа без комуникација со светот, јави BBC.

За три месеци само преку балоните се испратени 160 GB податоци, на територија од 40.000 km². Балоните се активни, и сè уште се единствен пристап до интернет за дел од луѓето во Перу.

Балоните летаат на висина од 20 километри и не се погодени од уништувањето на тлото. Корисниците не можеа да забележат разлика, иако сигналот пристигаше по друг пат. Google и Telefonica подолг период во Перу ја тестираат можноста за интеграција на Loom со мрежата на Telefonica.

Пред неколку месеци инженерите на Google, значително ја подобрија навигацијата на балоните. Напредокот овозможи површината да се покрие со помал број на балони, а со тоа и целиот проект се приближува до практична примена.

1 коментар на “Project Loon поврзува илјади поплавени Перуанци

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии