Поради забавување на телефоните Apple доби казна од 500 милиони долари

Apple се договори со тужителите во спорот за нетранспарентно успорување на iPhone телефони со дотрајани батерии. Компанијата ќе плати по 25 долари за секој телефон кој се квалификува, јави Reuters.

Сумата која компанијата би требала да ја исплати во случајов е најмалку 310 милиони долари, а најмногу 500 милиони долари. Учесниците во групната тужба ќе добијат по 3500 долари, а ако се квалификуваат оштета од 25 долари ќе добијат и сопствениците на iPhone 6, 6S, 7 и SE. Најголем дел од казната е за адвокатите во овој спор кои ќе добијат 93 милиони долари. Поради горната граница од 500 милиони долари ако бројот на корисници кои бараат отштета е премногу голем овие 25 долари може и да се намалат.

Во декември 2017 година, откако ова најпрво го забележаа дел од корисниците, Apple потврди дека ги ограничува перформансите на телефоните кои имаат постари и дотрајани батерии. Со ова се намалуваа перформансите на телефонот, но се продолжуваше времето помеѓу полнењата.

Apple тогаш призна дека кај овие телефони кои имаат проблемите со батеријата намерно ја забавува работата, иако објасни и дека немаат намера со ова да ја забрзаат продажбата на новите модели, туку единствено да ја продолжи работата на уредот. Како последица, или благодарение на незадоволството на корисниците Apple го воведе „Battery Health“ кој на корисниците им го покажуваше максималниот капацитет на батеријата и времето кое може да работи уредот со максимално оптоварување.

Пред ова поради бавната работа на телефонот, многу корисници сметале дека уредот не е доволно моќен за следната генерација на iOS и софтвер и ги купувале новите модели. Наместо нов телефон кој чинел барем неколку стотици долари, дел од корисниците можеа да поминат со замена на батеријата за 40 долари.

Со спорот се опфатени сите iPhone 6, 6 Plus, 6s, 6s Plus, 7 Plus и iPhone SE телефони со iOS 10.2.1 и понов оперативен систем. Корисниците на iPhone 7 и 7 Plus на iOS 11.2 и понова верзија до 21 декември 2017 можат да побараат отштета.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии